142
19 shares, 142 points

Mini ја подготвува сцената за пристигањето на електричниот Cooper SE. За таа цел е снимена серија возбудливи видеа, меѓу кои секако дека се неизбежни сцените инспирирани од филмскиот класик „Италијанска работа“.

Посебно е уживањето да се вози електричен автомобил во градски услови. Тивко е, динамично, батеријата се приполнува при секое запирање, сосем е различно. Mini со право очекува електричниот Cooper SE да стане значаен дел од градското улично секојдневие. Напролет пристига Mini Cooper SE и мајсторите на британската марка за анимирање на сцената веќе работат на тоа.

Прославата на 60-годишнината на Mini во 2019, в година ќе прерасне во прослава на пристигањето на првиот електричен модел на марката. За почеток е снимен кус филм под насловот „The Getaway Car“, кој веќе е поставен на социјалните мрежи. Нормално, Mini Cooper SE е совршено возило за бегство – од сообраќајното секојдневие во големите градови.

Mini во две крајности: Cooper на струја и „Works“ со 306 КС за Лос Анџелес

New photo by Automedia MK / Google Photos

Клипот е снимен во Торино. Возачот бега од метежот скршнувајќи во тесни споредни улици, кои водат директно на покривот на Лингото. Овој историски индустриски комплекс своевремено беше најголема фабрика за автомобили во Италија. Посебноста е тест-патеката во должина од еден километар што е изведена по покривот на комплексот.

Главниот момент е средбата на електричниот Cooper SE со класичен Mini Cooper во црвена боја, кој вози по историската патека и побудува сеќавања на сцените од „Италијанска работа“, филмски класик од 1969 година.

Mini сега го сними „The E-talian Job“. Моќноста на електромоторот изнесува 135 kW/184 КС, шпто во комбинација со батеријата поставена ниско во подот гарантира уживање во секојдневието. Спринтот на Mini Cooper SE до 60 km/h трае 3,9 секунди, односно 7,3 секунди до темпо сто. Досегот се движи меѓу 235 и 270 километри.

Позната е цената на електричниот модел за германскиот пазар: 32.500 евра, не вклучувајќи ја субвенцијата со којашто цената на Mini Cooper SE се намалува за околу 7.000 евра.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
19 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *