Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз

Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз
Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз

Сезоната на Дедо Мраз е во полн ек, тие се насекаде. Некои од нив го унапредиле бизнисот и вистински пристигаат на куќниот праг, на радост на децата, а можеби и на други. Еден германски Дедо Мраз користи Volkswagen Touran и објаснува зошто тоа е добар избор.

Деновиве Дедо Мраз одвај стигнува на сите адреси. Ширум светот постојат безбројни фирми што ги изнајмуваат своите Дедо Мразовци. Нивната работа вклучува постојано возење од едно место до друго, запирање, предавање на подароците, и така во круг. Напорната работа вреди, затоа што радоста на децата не се споредува.

Од маркетингот на Volkswagen деновиве придружуваа еден германски Дедо Мраз, со име Тобијас Грос. Исто како во бајките, така и овој има помошници, поточно еден, но вреден – Volkswagen Touran. Неговата компанија осум години испраќа Дедо Мразовци во „мисија“ на подрачјето на Берлин, при што и самиот Тобијас се става во таа улога.

https://photos.app.goo.gl/omxjj7tW2Tkxn6MSA

Подароците може да бидат и многу габаритни, тој се сеќава дека испорачувал и столен фудбал. Меѓутоа, доволно е тоа што подароците се многубројни, за овој берлински Дедо Мраз буквално да има „полни раце работа“. Затоа во Volkswagen Touran како опција се нуди можност за задниот капак сам да се отвори, откако со стопалото ќе се замавне под опашот на ванот со долга традиција.

Volkswagen Touran пристигна малку подоцна од првите компактни ванови, но затоа остана многу подолго и денес е еден од ретките модели во сегментот што се скуси драстично под притисок од СУВ-моделите

Зафатнината на товарниот простор постигнува рекордни вредности, само дваесет литри недостигаат до два метри кубни. Во случај кога Touran се користи за превоз на лица, тогаш на располагање има седум седишта. По едноставното соборување на задната клупа се добива рамен под, што од една страна е добро заради целосно искористување на просторот, а од друга страна е добро затоа што тешките и долги предмети може да се туркаат по подот.

https://photos.app.goo.gl/ELzqYV5accwQWkLw7

Хер Грос во овие денови минува повеќе од 1.000 километри, меѓу детски градинки, трговски центри, деловни прослави и приватни дарувања. Сите професионални Дедо Мразовци се сложуваат во едно, во овие денови тие ја имаат најубавата работа во светот – поради насмевките на дечињата.

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Претходна објаваHyundai ќе лета на саемот ЦЕС во Лас Вегас
Следна објава„Возач на Mercedes мора да чувствува дека автомобилот има уште резерва“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here