за

Kia користи нови материјали во новата генерација концептни модели

Одржливоста е главна тема на автомобилската сцена. Покрај погон без штетна емисија, таа подразбира и одржливи материјали. Кабината на новите модели на Kia за пример.

Kia Concept EV4

Мицелиум добиен од корени од печурки, школка на седишта од природни влакна, лушпи од ореви, биофабрикација. Овие досега неовообичаени поими во автомобилите, добиваат на важност во време кога светот преоѓа на функционирање според принципот на одржливост. Технолошки напредните материјали во кабината се дел од тоа што Kia сака да го најави со своите концептни автомобили EV3 и EV4.

Kia објави нови детали за внатрешноста на новите студии Concept EV3 и Concept EV4. Компанијата ги претстави напредните и одржливи материјали и методи, што ќе се користат во возилата и имаат важна улога во трансформацијата на марката, во понудувач на одржливи решенија за мобилност.

Дизајнерскиот тим за EV3 се инспирираше од природниот елемент воздух, при работата на внатрешноста на возилото, во поглед на боите, материјали и површини. Намерата е да се стекне впечаток за светлина и транспарентност во сите подрачја во кабината.

Во двата концептни автомобили на Kia, дизајнерите применија иновативни и одржливи материјали, коишто дури нудат и предности во разновидноста од боите што може да се постигне и во облагородувањето на средината.

Школката на лесните и тенки седишта во EV3, не се состои од карбонски влакна, туку од природни влакна. Покрај тоа што структурата се одликува со цврстина, бојата изгледа природно. Облогите на седиштата се изработени во 3D-плетење. Тоа дава мошне впечатлив изглед, но и мека површина на допир. Покрај тоа, потребни се помалку шиење и помалку споеви.

Одржливи материјали од иднината, инспирирани од природата

Материјалот што Kia го користи во Concept EV3 за конзолата меѓу предните седишта не е произведен, туку е израснат. Тоа го објаснува Марилиа Бил, директорка за внатрешен дизајн на материјали во Kia: „Мицелиумот што е добиен од корени од печурки располага со одлична цврстина, а во исто време е многу мек на допир.“

Kia Concept EV3

Бил зборува за биофабрикација, којашто ќе стане мошне важна алка на патот кон општата одржливост. „Со примената на мицелиум, можеме да ги имитираме процесите, што ги гледаме во природата и коишто ќе ги користиме во развојот на одржливи решенија.“ Дизајнерката на материјали може да израсне каква било форма. Оваа технологија уште е во рана фаза, но Kia ќе продолжи да работи додека таа не созрее за сериско производство.

Еден ден ќе бидеме во состојба да одгледуваме сопствени материјали
Марилиа Бил, главна дизајнерска за материјали во Kia

Кај вториот концептен автомобил, EV4, дизајнерскиот тим се инспирираше од природниот елемент земја. Со користење природни бои, што се добиваат од корени од брос (рубиа) и од лушпа од ореви, дизајнерите на Kia бојадисаа материјал што се состои од 100 проценти рециклиран памук. Боите се природни, во речиси неограничен спектар и во кој било интензитет.

За во кабината на EV4 да се постигне оригинален амбиент и впечаток за врвен квалитет, преградите во кокпитот и самата арматурна табла се обложени со рачно ткаено платно. На тој начин се постигнува сличен 3D-ефект како кај EV3.

Конопот исто така е присутен во кабината на Concept EV4. „Конопот е растение што расте брзо и за одлегување бара минимални ресурси“, објаснува Марилиа Бил. Покрај тоа што е од одржлива природа, материјалот се обликува лесно и затоа може да се користи во најразлична примена. Исто и бојата е пријатна.

Kia Stonic се најде меѓу петте модели што нудат најдобра противвредност, со исклучително богата опременост и со забавата во возење, меѓу другото и поради пдовозјето што изненадувачки дозволува и подолги излети надвор од асфалтот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италија ја тужи Австрија поради планинскиот превој Бренер

Поради експлозија во фабрика на добавувач мируваат шест фабрики на Toyota