за

Градски автобуси во Франција возат на водород

Градски автобуси во Франција возат на водород
Градски автобуси во Франција возат на водород

Половина е автобус, половина трамвај и користи водород. Францускиот град По ќе го подобрува квалитетот на воздухот преку концепт на брз автобуски превоз без штетна емисија. Уште е поубедливо покрај фактот што и водородот се произведува на одржлив начин, со сончева енергија.

Француското гратче По ја доби првата брза автобуска линија во светот, во којашто се користи водород како погонско гориво. Осумте автобуси од типот ExquiCity 18 Fuel Cell сообраќаат на новата релација во градот, којашто е наменета посебно за нив.

Повеќе од 80 проценти од рутата долга шест километри, меѓу железничката станица на југот на градот и болницата на спротивниот крај, се одвиваат по резервирана лента. Покрај тоа, автобусите имаат предимство на сите крстосници по пат. На тој начин се овозможува автобусите со погон на водород да ја минат целата релација за само 17 минути, дури и во времето на најголемиот сообраќаен метеж.

Автобусите со водороден погон се производ на компанијата Van Hool, којашто има фабрика и во Македонија

Производител на автобусите е белгиската семејна компанија Van Hool, инаку солидно одомаќена со фабрика и во Македонија, додека горивните ќелии, во коишто се одвива главната хемиска реакција, пристигаат од канадската фирма Ballard. Зглобните автобуси од 18 метри имаат места за 125 патници. Со едно полнење на резервоарите со водород, автобусот минува повеќе од 300 километри. Потрошувачката на гориво изнесува околу 170 килограми водород дневно.

Како производ од хемиската реакција во горивната ќелија и електричниот напон што произлегува оттаму, погонската единица испушта само чиста водена пареа. Проектот одушевува и со тоа што потребниот водород се добива на одржлив начин, од обновливи извори.

Во автобуското депо се поставени фотоволтаички панели, коишто обезбедуваат енергија, за потоа по пат на електролиза да се добиваат меѓу 174 и 268 килограми водород во текот на денот.

https://www.instagram.com/p/B6LbUAgHkWb/

https://www.instagram.com/p/Bw37hdcHQ5i/

Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие нови автомобили пристигаат во 2020 година

Овие нови автомобили пристигаат во 2020 година

BMW i3 со фотелја и столна ламба на саемот ЦЕС во Лас Вегас

BMW i3 со фотелја и столна ламба на саемот ЦЕС во Лас Вегас