за

Воздушниот хибрид на Peugeot и Citroen издиша

Peugeot не успеа да најде партнер за споделување на трошоците за HybridAir во висина од 500 милиони евра. Очигледно, техниката не ветува

Идејата на француските производители да користат компримиран воздух за погон на возилото не успеа. Главниот инженер си замина, нема ниту партнери за проектот.

Револуционерниот план на PSA Peugeot Citroen да понуди поевтин хибриден погон на пазарот нема да доживее примена во сериските автомобили. Француската групација го претстави концептот на воздушен хибрид во 2013 година, со технологија развиена во соработка со германскиот Bosch. Првично се планираше иновативниот погон да почне да се вградува во сериските автомобили веќе во следната година.

Француските медиуми веќе објавија дека хибридот на PSA нема да стане реалност откако групацијата не успеа да најде партнер со когошто ќе ги сподели трошоците за комерцијализација на технологијата во висина од половина милијарда евра. Во минатиот септември си замина и главниот проект-инженер Карим Мокадем, којшто сега работи во фондација за инвестирање во нови технологии. Тимот од 180 инженери што работеше на проектот исто така е редуциран.

Идејата во технологијата на воздушниот хибрид е користење на моторот и сопирачките за компримирање на воздухот којшто се чува во резервоари под притисок. Исто како кај нормалниот хибриден погон, компримираниот воздух се користи како помош за конвенционалниот мотор при забрзување и при ниско оптоварување, овозможувајќи на тојо начин заштеда во горивото. Во градски услови на возење, со често поаѓање и запирање, системот на воздушниот хибрид според PSA Peugeot Citroen би требало да овозможи заштеда во горивото до 45 проценти.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто Toyota го стега вентилот за автомобилот со погон на водород?

Додавање бензин во дизелот е лоша идеја