за

Овие нови модели ги планира концернот Stellantis до 2026 година

Идните модели од марките на концернот Stellantis ќе се базираат врз вкупно четири различни платформи. Прв е Peugeot 3008, стартува в година.

Електромобилноста им поставува големи предизвици на автомобилските концерни. Тоа важи и од гледиште на финансиите и на производството, како и за развојот на нови платформи. Производителите чекор по чекор се збогуваат со пристапот кога за еден модел предвидуваа повеќе различни видови погон. Новите платформи се поставени само за електричен погон. Пример, концернот Stellantis.

Концернот Stellantis со своите 14 автомобилски марки ја заснова целата своја иднс стратегија врз четирите нови платформи, што се развиени првенствено за батериски електрични автомобили. Како прва од четирите нови платформи STLA ќе стартува платформата наменета за модели од средната класа.

Според Карлос Тавареш, извршен директор на Stellantis, платформата STLA Medium уште в година ќе почне да се користи за новите модели од неколку марки на концернот. Stellantis ја цени својата 400-волтна платформа како водечка во браншата. Не постои платформа во тој сегмент, што е помоќна, поразновидна и поефикасна.

За платформата STLA Medim се ветува вредност на потрошувачка од 14 kWh на сто километри. Тоа би било мошне ниска вредност за СУВ-модел од класата. Најголемата батерија што ќе се користи во таа платформа ќе располага со капацитет од 98 kWh. Со таа енергија ќе може да се минат до 700 километри. Техниката ќе може да се користи за модели со преден, заден и со погон на сите тркала, со моќност меѓу 160 до 285 киловати.

Врз платформата STLA Medium ќе може да се конструираат лимузини, кросовери, СУВ-модели од компакт и средната класа Stellantis предвидува дека годишната продукција на моделите врз оваа платформа ќе достигне два милиони возила. Токму големиот продажен волумен е главната причина, зошто Stellantis почнува да ја користи прво платформата STLA Medium.

Нова генерација на Opel Grandland се очекува во 2024 година

Марката што ќе ја понесе честа прва да пушти во продажба модел што се базира врз новата платформа е Peugeot. Французите в година стартуваат со модел што се базира врз платформата STLA Medium. Станува збор за новата генерација на СУВ-моделот Peugeot 3008.

Компактниот СУВ во почетокот нема да биде достапен со најголемата можна батерија за STLA Medium, туку ќе располага со батеријата што ќе овозможува досег до 500 километри.

Најголемата батерија од близу сто киловатчасови ќе ја добие нов кросовер од премиум марката DS. Моделот веројатно ќе ја носи ознаката DS 6, а неговиот досег ќе изнесува до 700 километри. Малку подоцна ќе се придружи и втората генерација на DS 7.

Opel исто така ќе биде меѓу првите марки со новата платформа. Во моментов се вршат подготовки за производство на идните електрични модели во фабриката во Ајзенах. Од втората половина на 2024 година, таму ќе се произведува целосно електричната верзија на новата генерација на Grandland.

Во 2025 година се очекува од германската фабрика да почне да излегува и електрична Manta. Кон средината на деценијата, Citroen ќе ја користи новата платформа за идната генерација на C5 Aircross, којшто ќе се произведува во Рен. Peugeot во 2025 година ќе го пушти и вториот модел врз STLA Medium, тоа ќе биде новата генерација на СУВ-седумседот 5008. Една година подоцна, доаѓа ред и за новата генерација на Peugeot 508, во лимузинска и комби изведба.

Италијанците ја враќаат Lancia Aurelia на сцената

Плановите за Jeep се кон завршетокот на 2024 година да се одбележи почетокот на новата ера со следната генерација на Compass, како и со робусниот теренец Recon. Двата модели ќе ја користат платформата STLA Medium. Таа ќе најде примена и за идните Cherokee и Wagoneer S.

Големи новини има и Alfa Romeo и Lancia. За враќањето на Lancia на пошироката сцена (Lancia Ypsilon веќе подолго време се продава само во Италија) се планира заживување на големото моделско име Aurelia. Овој модел што треба да се појави во 2026 година, сепак се базира врз поголемата платформа STLA. Една година пред тоа, Alfa Romeo ќе стартува со модел врз платформата SLTA Long. Тоа веројатно ќе биде нова генерација на Stelvio.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Натали Портман ќе зборува на саемот за мобилност ИАА во Минхен

Франција ќе потроши 1,5 милијарда евра за развој на нов вид батерии