за

Студија открива хаос околу плаќањето на полначите низ Европа

Плаќањето со сопствената платежна картичка е невозможно на девет од секои десет полначи. Тоа го покажа обемна студија спроведена во 12 европски држави.

Голема среќа е да се наполни батеријата на електричниот автомобил во Европа. Во девет од секои 10 случаи, невозможно е на полначите да се плати со сопствената дебитна или кредитна картичка. Тоа го покажа студија во којашто беа опфатени 30.000 полначи, од 61 оператор, во 12 држави во ЕУ.

Реалноста со плаќањето за користењето на полначите во Европа е во целосна спротивност со очекувањата на идните сопственички и сопственици на електрични автомобили. Повеќе од две третини од идните возачи на автомобил на струја, очекуваат плаќањето за искористената струја за полнење на батеријата да биде едноставно и без внесување податоци, само со сопствената платежна картичка.

Плаќањето обично се врши во таканаречени затворени системи за плаќање, на пример со користичка картичка за одреден оператор, со мобилна апликација или со пристап преку вебсајт, по претходна регистрација. За да се избегнат овие компликации, неопходно е да се воспостави заедничкио решение што ќе важи во цела Европа и ќе биде лесно за користење.

Студијата опфати дванаесет европски држави (Германија, Холандија, Италија, Франција, Австрија, Шведска, Португалија, Шпанија, Полска, Словенија, Чешка и Грција). Се оценуваше колку е едностраво и дали воопшто е можно користење на 30.000 јавно достапни полначи, поставени од 61 оператор, со 40 мрежи на градско подрачје и 21 мрежа на отворено.

Во Европа доминираат затворени системи за плаќање

Вкупно 55 оператори со полначи користат исклучќиво затворени системи за плаќање. Тоа се сосптвени кориснички картички, апликации или вебсајтови на коишто е потребно да се изврши претходно регистрирање. За добивање картичка, прво треба да се случи договор со операторот на мрежата од полначи. Од 59 оператори со полначи, што нудат плаќање преку сопствена картичка или преку картичка на роаминг-партнер, само 32 оператори дополнително ги опремуваат своите полначи со статички QR-код, што мобилниот телефон го упатува кон вебсајт и дозволува плаќање дури по внесувањето на сосптвените податоци.

За да пристапиме до полнач, при нашата електрична тура низ Македонија некогаш моравме да изведуваме вистински „акробации“

Системот што се веруваше дека е совршен, всушност се пробива лесно, затоа што врз QR-кодовите може да се залепи лажен QR-код. Тоа им овозможува на измамниците, преку фалсификуваниот вебсајт да дојдат до чувствителни податоци, па дури и да наплатат.

Вкупно 50 оператори со полначи имаат сопствена апликација, но пред да се почне полнењето и да се наплати, сепак е потребно да се изврши регистрација, односно внесување податоци и логирање.

За електромобилноста да биде попривлечна, неопходни се единствени и едноставни начини на плаќање што ќе важат насекаде во Европа

Без разлика дали станува збор за апликација или вебсајт, двата начини на плаќање се сложени и бараат многу внимание од корисниците. Покрај тоа, во сите случаи е неопходен телефон и стабилна интернет врска. Проблем може да биде и тоа што апликациите обично се на домашниот јазик и не се нуди англиска верзија.

Во Битола сé е организирано уредно околу полнењето, но прашање е дали ќе најдевме слободно место доколку пристигневме час или два подоцна

Уште еден проблем е тоа што при наплата со платежна картичка преку апликација или вебсајт, се плаќа поскапо отколку при полнење струја со сопствената картичка на операторот. Тоа им го отежнува полнењето струја на возачките и возачите на електрични автомобили.

Само на шест од сите полначи во студијата, два во Франција и по еден во Германија, Австрија, Шведска и Полска, било можно спонтано плаќање преку сопствената платежна картичка, со вовлекување или на безконтактен терминал.

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Vision 7S е најава за најголемиот од трите нови електрични модели

Кинески Geely сака да го купи не-електричниот бизнис на Renault