БМВ откажува моделски серии, несигурна иднината на Серија 8, Икс М, и4

БМВ веројатно ќе ги откаже моделските серии што не се продаваат доволно, меѓу кои се Икс М со приклучен хибрид и серијата 8. Производителот се мачи да ги скуси трошоците, додека го остварува планот да пушти 40 нови модели до 2027 година, што се констурирани врз платформата Ное Класе.

Серијата 8 е меѓу моделите што веројатно ќе исчезнат од понудата на БМВ. Купето е старо околу 8 години и во него е неприменлива технологијата од Ное Класе.

Извршниот директор Милан Недељковиќ ја преиспитува моделската стратегија, додека германскиот производител врши масовно кратење на трошоците. Тоа вклучува отпуштање илјадници работници и скапа отпремина за нив. Се кратат и моделите што се продаваат слабо, како и варијанти на модели и видови погон.

БМВ веќе го укина родстерот Зед 4, откако го прекина производството годинава и нема намера да развива наследник.

Луксузното купе од серијата 8 исто така е пред пензија. Проструија гласини дека БМВ би можел да ја врати серијата 8 во живот под марката Алпина, откако во јануари ја презеде луксузната марка, но таа идеја е отфрлена на интерно ниво.

Постоечкиот модел користи технологија што е стара околу осум години и таа не може да се замени со технологијата на Ное Класе, потврди претставник на БМВ.

Повеќе е проблем електричната лимузина и4. Таа се произведува во Минхен уште од 2021 година и беше еден од носителите на силниот пробив на електричните автомобили на БМВ на светскиот пазар.

Но, БМВ сега ја лансира електричната лимузина и3, којашто е понапредна и користи технологија на Ное Класе. Прашање е дали БМВ треба да има два модели што се тркаат за истите купувачи. БМВ уште нема донесено одлука, поради што останува неизвесна иднината на и4.

Знаменосецот Икс М е загрозен поради слабата продажба во Кина

Икс М се соочува со друг проблем. БМВ го создаде овој СУВ со приклучен хибриден погон со високи перформанси како знаменосец на својот огранок М ГмбХ и како независен модел за прикажување на врвот што може да го постигне М ГмбХ во поглед на перформансите. Слабата побарувачка во Кина и малата профитабилност го ставаат овој модел во опасност од исчезнување.

Се крати и кај останатите модели.

Икс 4 нема да добие наследник откако ќе заврши производсвото во фабриката на БМВ во Спартанбург, САД. Се стеснува и просторот за Актив Турер од серијата 2, бидејќи БМВ ги насочува силите кон попрофитабилните модели, како Икс 1 и Икс 2.

Задава главоболки брзината на воведување на моделите од Ное Класе

БМВ вложи преку 10 милијарди евра во развој на платформата Ное Класе, каде што компјутер е задолжен за сé. Агендата за пуштање нови модели врз таа технологија е толку забрзана, што БМВ мора во исто време да развива, да пушта во производство и да дистрибуира голем број нови модели.

Големо ограничување кај Ное Класе е тоа што не може да се изведуваат разни варијанти, како што тоа беше случај досега. Секоја моделска серија врз Ное Класе мора да задоволи одреден праг на продукција.

Претходна објаваФолксваген очекува голема пресвртница во Индија, новата „Кина“ за автомобилскиот пазар
Следна објаваДонгфенг го повтори каскадерскиот подвиг во тунел на славниот Шумахер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here