Кина со цел 70% од продажбата да бидат електрични автомобили во 2030 година

Кина постави цел за 70 проценти од продажбата на нови авотмобили во 2030 година да отпаѓа на возила со електричен или со хибриден погон. Соодветно ќе се поттикнува и преоѓањето на возила што управуваат самостојно, со најновиот петгодишен план за автомобилската индустрија.

Фортинг С7 РЕЕВ со продолжувач на досег, за време на тестот во Аутомедиа, снимено на Галичица

Пекинг постави цел и 40 проценти од пазарот на нови товарни возила да отпаѓа на електрични возила во 2030 година. Државата очекува дека неколку домашни групации ќе се најдат меѓу 10-те најголеми производители на автомобили на светот и дека тие ќе имаат поголемо влијание во одредувањето на стандардите во светски размери. Деветте владини агенции го донесоа петнаесеттиот по ред 5-годишен план и го објавија истиот на 11-ти септември.

БИД, САИЦ и Џили беа меѓу 10-те најголеми производители во светот во минатата година, но уште заостануваат далеку зад водечката тројка, што ја сочинуваат Тојота, Фолксваген Групација и Киа-Хјундаи.

Со петгодишниот план се поставува долгорочната стратегија и се одредуваат целите за клучните индустриски гранки, што централната власт цени дека се од витално значење за економскиот развој на земјата.

Во претходниот план од 2021 година, се предвидуваше електричните автомобили и хибридите да учествуваат со 20 проценти во продажбата на нови автомобили во 2025 година. Кина двојно ја пречекори таа цел, со 54 проценти од продадените возила во земјата лани, што биле со електрифициран погон.

Голема е веројатноста дека и целта за 70 проценти ќе биде достигната предвреме, ако се земе предвид наглото и големо поскапување на цените на горивата, што дополнително го засили преоѓањето на електричен погон. „Новоенергетските“ автомобили, односно БЕВ и ПХЕВ, учествувале со 65 проценти во августовската продажба во Кина.

Во планот не се одредува цел за возилата што управуваат самостојно, но намерата е да се засили преоѓањето на автономни автомобили, што ќе биде корисно и за домашната автомобилска индустрија. Издавањето дозволи за новите робо-такси возила беше запрено неколку месеци, откако се случија незгоди со возилата на Баиду во Вухан

Кина стана најголем производител на електрични автомобили во светот и предводи во развојот на технологија за самостојно управувани возила, во трка со САД, но се соочува со низа предизвици на домашниот пазар.

Продажбата на нови автомобили опадна за 21 проценти во првите осум месеци, додека долготрајната војна со цените ја изеде маржата и доведе до низа пропусти во безбедноста и квалитетот.

Законодавците донесоа десетина нови стандарди и правила околу рачките на вратите, системите за асистенција, батериите и други подрачја, со цел да ја подобрат безбедноста. Петгодишниот план на владата ќе води кон продлабочување на промените кај производителите на автомобили, ќе ги награди успешните и ќе се збогува од неефикасните производители, со што ќе се надмине недоволната искористеност на фабриките.

Се спомнуваат и технологија за батерии и рециклирање, се бара и воведување стандарди за нови генерации батерии, како батерии со цврст електролит, како и подобрено рециклирање на клучните метали, како литиум, кобалт и никел.

Forthing S7 REEV · Најбензинскиот електричен автомобил на пат од 750 км низ Македонија

Претходна објаваАуди започна со производство на А2, мерките за штедење се применуваат
Следна објава„Шпециаланфертигунг“ е името на овој Мерцедес и веќе е распродаден