Ауди започна со производство на А2 е-трон во Индолштат. Првите примероци од новиот електричен модел се симнаа од лента во присуство на баварскиот премиер Маркус Зедер.
А2 е-трон е пример како традиционалните производители ќе се борат со кинеските конкуренти во иднина. Развојот на моделот траеше само 21 месеци, се произведуваат помалку варијанти и се нудат помалку опции, а воедно е зголемен степенот на автоматизација. Се користат постоечките производствени машини и алати.
Развојот е сведен на само 21 месеци
Ауди значително го скуси развојот на А2 од проект до сериски модел, на само 21 месеци. Тоа овозможува побрзо реагирање на промените на пазарот и нудење производ што е поконкурентен.
Во производството на Ауди А2 е-трон се вклучени преку 1.200 постоечки алати и машини, вклучувајќи 250 роботи, коишто веќе се користат или се користеле за останатите модели на Ауди.
Смалени трошоци преку поедноставување на производството
Прво, логистиката во фабриката има помалку различни делови за чиешто снабдување и достава мора да се грижи, а со тоа воедно се смалува и површината што ја зафаќаат складираните делови во халите.
Со Ауди А2 е-трон, во Инголштат првпат се користи т.н. бисерно ланче, што успешно беше воведена во Некарсулм. Шест денови пред фабриката да почне да работи на налог за производство на модел што го нарачал некој купувач, целата производствена верига се подготвува и го планира текот на доставата на делови за вградување. Добавувачот навреме го произведува тој дел и го испраќа до фабриката. Значително се смалени магацините.
Каросеријата на А2 е-трон се произведува на иста лента со таа на Ауди А3. Тоа го овозможуваат флексибилните постројки.
Сега роботи го вршат составувањето на предната и задната оска, што претходно го вршеа работници. Роботите се движат раководејќи се според камерите и соодветно посегаат по деловите што треба да се вградат. Покрај тоа, роботите можат да посегнат по многу поситни делови отколку претходно.
Сите станици во монтажата се поврзани во податочен облак и се управуваат соодветно од едно место. Претходно беа потребни 450 индустриски компјутери.
Вештачка интелигенција им помага на тимовите да ги откријат и да ги остранат евентуалните проблеми.
Ауди А2 некогаш трошеше три литри, денес минува 650 километри на струја
















