Волво и Џили ја склучија спогодбата за соработка на 10-ти септември, стои во соопштението што Џили го објави на 10-ти септември.
Волво, којшто е дел од кинеската групација Џили, ќе преземе целосна одговорност за комерцијалното и оперативно делување, вклучувајќи дистрибуција на европските пазари.
Потегот се случува во време кога кинеските производители на автомобили го зајакнуваат своето присуство во Европа, соочувајќи се со остра конкуренција на домашниот пазар, додека расте побарувачката за електрични возила во светот.
Џили и производителот на електрични возила БИД се меѓу кинеските производители што притискаат да ја засилат својата продажба во Европа и да го зголемат својот удел на пазарот.
Линк енд КО, основана е од Џили и Волво во 2016 година и оттогаш го зголемува своето присуство на европскиот пазар, со понуда од модели со електрифициран погон.
Џили кон освојување на светскиот пазар
Џили спроведува стратегија за засилено ширење на извозните пазари, со цел да се надомести за ослабнатата продажба на кинескиот пазар. Производителот на автомобили планира да го зголеми извозот на светскиот пазар на 1 милион возила во 2026 година и една третина од својата вкупна продажба да постигне надвор од Кина.
Кинеската групација воедно бара начини да ги искористи недоволно пополнетите производствени капацитети на своите глобални партери, како Рено, Форд и Волво, што пак оди во насока на зајакнување на нејзиното присуство на светскиот пазар.
Европа е клучен дел од проширувањето, покрај останатите извозни пазари на коишто кинеските производители забрзано го зголемуваат својот пазарен удел.
Со бизнисот на марката Линк енд КО во Волво Карс ќе раководи Мартин Персон, под надлежност на комерцијалниот директор Ерик Северинсон.
















