Три Мерцедес-Бенц С-Класи зимоска појдоа на долг пат, за во име на марката да се поздрават со клиентките и клиентите, обожувателите и заедниците ширум светот. Конвојот во моментов врви низ Африка и ќе ги посети Кенија, Танзанија, Замбија, Зимбабве, Намибија и Јужна Африка.
На патот низ африканскиот континент, освен што ќе ги посетат земјите во појасот на екваторот, Националниот парк Најроби и ќе се искачуваат по планинскиот венец Килиманџаро, С-Класите ги очекуваат уште голем број настани за паметење.
Мерцедес-Бенц ги пушти трите С-Класи на пат низ светот, веднаш по премиерата на освежената моделска година на својот знаменосец. Несекојдневното патување започна на 29-ти јануари. Треба да се мине пат од преку 50.000 километри, долж шест континенти.
Светска марка
Конвојот тргна да посети избрани 140 места, коишто се важни за историјата на марката, на самиот автомобилизам, за пионерскиот дух и секако за присуството на марката Мерцедес-Бенц во секој дел од светот.
Минувајќи по легендарни рути и посетувајќи историски места, метрополи во коишто се создавала историјата на светот, конвојот насекаде ја пренесува моќта за иновации на Мерцедес-Бенц.
По пат, С-Класите и тимот се среќаваат со сопственици на олдтајмери, ретки модели од тековно производство, како и со месните заедници. На тој начин на секое запирање и на секоја средба се создаваат единствени средби на минатото, сегашноста и иднината на Мерцедес-Бенц.
Ова патување е поважно за луѓето, затоа што остануваат незаборавни моменти за возачките и возачите, за членовите на клубовите на Мерцедес-Бенц. Покрај собири, раскажување лични приказни и презентации, овој настан ги внесува луѓето во светското патување на С-Класите, секој станува дел од тоа.

Вебсајтот за патувањето на С-Класите во чест на 140-годишнината
https://www.mercedes-benz.com/en/exclusive/mercedes-benz-community/welcome-to-the-community/
По поаѓањето од Штутгарт, патот водеше низ Швајцарија, Франција, Шпанија, Белгија. Сите моменти се овековечени со видеа и слики на посебниот вебсајт што Германците го наменија за овој настан.
С-Класите потоа се префрлија во Јужна Америка, се возеше низ Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле. Патот продолжи на северниот континент, за да следи возбудлива тура низ Азија, па понатаму Австралија и Нов Зеланд.
Ова патешествие ќе заврши во октоври, во Штутгарт, на истото место каде што почна и историјата на Мерцедес-Бенц.















