Липмотор очекува продажбата да надмине 1 милион возила годинава

Липмотор соопшти дека е на пат годинава да продаде преку 1 милион авотмобили. Кинескиот производител има големи очекувања од новите модели, коишто ќе бидат клучни за да се победи острата конкуренција на домашниот пазар.

Липмотор годинава пушти во продажба неколку нови модели во Кина, меѓу кои и најдостапниот модел А05. Моделот во класата на Корса ќе се продава и во Европа, под ознаката Б03

Во првото полугодие биле испорачани 356.487 возила, што значи дека Липмотор во второто полугодие ќе мора многу посилно да се притисне врз гаста. Производителот и партнер на Стелантис, очекува дека секој нареден месец ќе успее да продаде преку 100.000 возила, откако тој праг првпат беше минат во јули. Тоа го соопшти потпретседателот Мајкл Ву во интервју за телевизија Блумберг на 25-ти август.

Ву кажа дека извозот годинава ќе достигне 200.000 возила, што претставува речиси трикратно зголемување во споредба со лани.

Овие амбициозни цели укажуваат на силниот притисок под којшто се наоѓаат кинеските производители на автомобили, што вложуваат напори да ја освежат својата понуда од модели и на тој начин да го заживеат забавениот домашен пазар. Во исто време, тие мора да бараат нови извори на профит, преку зголемување на извозот.

Липмотор годинава лансираше неколку нови модели во Кина, вклучувајќи го својот најдостапен модел А05, што чини 63.900 јуани, односно околу 9.500 долари. Другите новитети се малечкиот СУВ-модел А10, што доаѓа наскоро и на македонскиот пазар, со ознака Б03 Икс, како и СУВ-знаменосецот Д19, што спаѓа во луксузниот сегмент.

Кинескиот партнер на Пежо и Фиат сепак мораше да ги спушти прогнозите за профитот годинава, од 5 милијарди на три милијарди јуани, како и маржата, поради зголемените трошоци и острата конкуренција на пазарот на ЕВ во Кина.

Производителот на автомобили ќе ги користи фабриките на својот главен акционер Стелантис, со цел да го зголеми своето производство надвор од Кина.

Компанијата е на пат во октомври да започне со масовно производство на свој модел во фабрика во Шпанија, за в година од истата фабрика да следи уште еден модел, потврди Ву.

Липмотор исто така најави можност да произведува свои модели во фабрика на Стелантис во Бразил. Се разгледува и фабрика во Малезија, за покривање и на тој регион.

Липмотор прави скок на македонскиот пазар во вистинска насока

Претходна објаваМерцедес С-Класа на славеничкиот пат околу светот во моментов е во Африка
Следна објаваКиа Селтос ја враќа СУВ-трката на свој терен, тој е „вториот Спортаж“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here