за

Кинески Geely сака да го купи не-електричниот бизнис на Renault

Renault веќе соработува со Geely во хибридни автомобили и бара партнер за да ги подели трошоците за бензински и дизел мотори.

Кинескиот автомобилски холдинг Geely и неименувана нафтена компанија, преговараат да купат удел во огранокот на Renault со мотори на фосилно гориво, што францускиот производител планира да го издвои посебно од својот бизнис со електрични автомобили. Јапонскиот партнер во алијанса со Renault, Nissan, не е заинтересиран да поседува удел во огранокот со мотори на фосилно гориво.

Наесен се очекува Renault да ги објави своите планови за формирање огранок што ќе произведува електрични автомобили и ќе има седиште во Франција, и втор огранок што ќе работи надвор од земјата и ќе биде задолжен за фабриките во Шпанија, Португалија, Турција, Романија и во Латинска Америка, во коишто се произведуваат бензински мотори, хибриден погон и менувачи.

Renault ќе биде мнозински сопственик на акции во својот електричен огранок Ampère, што ќе вработува околу 10.000 лица и во втората половина од 2023 година треба да се појави берзата. Наспроти тоа, Renault ќе има само малцински удел во бизнисот со мотори со внатрешно согорување Horse, којшто исто така ќе вработува околу 10.000 лица, меѓутоа ќе остане како референтен акционер со големо влијание во огранокот.

Според двата извори на информации, на коишто се повикува агенцијата Ројтерс во објавата на веста, Renault ќе поседува 40% удел во огранокот со мотори на фосилно гориво, Geely исто така ќе поседува 40%, а на нафтената компанија ќе ѝ припаднат преостанатите 20 проценти. Изворите наведуваат и дека планот уште не е финализиран и постојат други заинтересирани страни.

Nissan нема да учествува, иако од Renault му е предложено да се вклучи во зделката. Тоа е уште еден знак, дека меѓу партнерите во алијансата продолжуваат насогласувањата околу стратегијата. Иднината на алијансата е неизвесна уште од падот на поранешниот шеф Карлос Гон во 2018 година.

Renault, Nissan и Mitsubishi упатуваат дека повеќе од 80 проценти од нивните модели ќе се базираат врз заеднички платформи до 2026 година, но прашање е какви ќе бидат плановите по 2030 година.

Зделката со Geely ќе му биде добредојдена на кинескиот производител на автомобили, што продолжува да бекежи голем раст во продажбата и во заработката. Кинезите го поседуваат шведскиот Volvo Cars, британската спортска марка Lotus, а имаат и удел во Mercedes.

Со делењето на трошоците за бензински и дизел мотори, чијашто продажба ќе продолжува да опаѓа, наспроти растечката продажба на електрични возила, Renault се надева дека ќе може да располага со повеќе средства за вложување во електричните модели. Французите дури се сметаат и како пионери на електричниот погон, заедно со Nissan и Mitsubishi. Tesla сепак го претрка триото.

Учеството на нафтената компанија ќе придонесе за развој на зелен водород и за изградба на инфрастуктура, за автомобилите со погон на водород да се пробиваат заедно со батериските електрични автомобили. Францускиот производител во мај му продаде 34% од својот бизнис во Јужна Кореја на Geely. Renault исто така ќе развива автомобили со хибриден погон, што ќе се произведуваат во фабриката во Бусан, заедно со Geely.

Lotus Eletre: СУВ, електричен, од Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Студија открива хаос околу плаќањето на полначите низ Европа

volkswagen amblem

Групацијата Volkswagen го скусува управниот одбор за двајца директори