Групацијата Volkswagen го скусува управниот одбор за двајца директори

volkswagen amblem

Надзорниот одбор на групацијата Volkswagen одобрил 12-члениот управен одбор да се скуси за две столчиња. Промените се случуваат откако извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, беше назначен за извршен директор на групацијата Volkswagen, на местото на Херберт Дис, почнувајќи од 1-ви септември.

Промените во врвот на германската групација укажуваат дека под раководство на Блуме ќе се преземаат и остри чекори, по турбулентните четири години на Дис на чело на Volkswagen, во коишто воедно беше и зголемен бројот на директори во управниот одбор.

Надзорниот одбор разговарал за чекорот на состанок во вторникот вечерта, но за преземањето на промените е неопходно да се даде и писмена согласност. Од групацијата уште немаат излезено со соопштение.

Германските медиуми објавија дека директорот за набавки во марката Volkswagen, Мурат Аксел, ќе го изгуби своето место во одборот, исто како и директорката за продажба во групацијата, Хилдегард Вортман.

Оснататите членови во одборот, меѓу кои извршниот директор на Audi, Маркус Дусман, директорот на марката Volkswagen, Томас Шефер, и директорот за технологија, Томас Шмал, ќе ги задржат своите места во одборот.

Поставувањето на 54-годишниот Оливер Блуме за извршен директор на групацијата Volkswagen ги покажува напорите, што фамилиите со мнозински удел во акциите ги преземаат, за групацијата да ја држат повеќе под контрола и да имаат поголемо влијание врз стратегијата на истата.

Во следните денови се очекуваат и првите чекори, за акиите на спортската марка Porsche да се понудат на берзата. Со овој чекор дополнително ќе се зајакне контролата на фамилиите.

Volkswagen го смени шефот, Блуме на местото на Дис

Претходна објаваКинески Geely сака да го купи не-електричниот бизнис на Renault
Следна објаваToyota вложува 5,6 милијарди долари во производство на батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here