за

Volkswagen го смени шефот, Блуме на местото на Дис

Оливер Блуме е новиот претседател на управниот одбор на концернот Volkswagen, на местото на Херберт Дис.

volkswagen херберт дис

Актуелниот шеф на Porsche во иднина ќе раководи со целиот концерн Volkswagen. Оливер Блуме го презема кормилото во Волфсбург, а ја задржува и високата функција во Porsche AG.

Надзорниот одбор ќе раководи со генерациската смена и му се заблагодари на Херберт Дис за големите заслуги во трансформацијата на концернот. Друга важна новина во раководството е тоа што финансискиот директор на концернот Volkswagen, Арно Антлиц, во иднина дополнително ќе ја врши функцијата на оперативен директор во управата на концернот, со што ќе го потпомага оперативното секојдневие на Блуме.

Надзорниот одбор на концернот Volkswagen AG на синоќешната седница го назначи Оливер Блуме за нов претседател на управниот одбор. Тој ќе ја преземе новата функција на 1-ви септември 2022 година, дополнително на функцијата на претседател на управниот одбор на Dr. Ing. h. c. F. Porsche AG и истата ќе ја извршува и по можното стапување на Porsche на берзата. Херберт Дис, со заедничко разбирање, во истиот момент ќе ја препушти својата функција на претседател на управниот одбор.

Претседателот на надзорниот одбор Ханс Дитер Печ му заблагодари на Херберт Дис во име на целиот гремиум: „Херберт Дис во голема мера ја поттикнуваше трансформацијата на компанијата, како на функцијата на претседател на управниот одбор на марката Volkswagen, така и на концернот. Концернот и нетовите марки се соодветно поставени за иднината и зајакната е иновациската и финансиската моќ. Господин Дис вистински докажа дека умее со голема брзина и со врвна посветеност да спроведе клучни процеси во трансформацијата. Тој не само што управуваше со концернот во исклучително тешки води, туку и постави целосно нова стратегија.“

Како што цени надзорниот одбор, Дис го забрзал развојот на бројни нови модели, дал сосем нов нагласок на понудата од модели и јасно го насочил развојот во правец на електромобилноста.

Оливер Блуме е роден во Бранушвајг и почна да работи во концернот Volkswagen во 1994 година. Оттогаш следат високи функции во марките AUDI, SEAT, Volkswagen и Porsche. Од 2015 година, Блуме е претседател на управниот одбор на Porsche, а од 2018 година е член на управниот одбор на концернот.

Одборот на VW го продолжи договорот на Дис за уште две години

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бизнисот ги бара доставните возила на Mercedes-Benz, исто и електричните

Електричниот камион Mercedes-Benz eEconic стартува со сериско производство