за

Бизнисот ги бара доставните возила на Mercedes-Benz, исто и електричните

Mercedes-Benz Vans во второто тромесечје испорачал близу 100.000 примероци од своите доставни возила. Наскоро стартува и електричниот eCitan.

Новиот предизвик на огранокот за доставни возила на Mercedes-Benz е преземање лидерство во делот на електричниот погон. Наскоро ќе стартува продажбата на чисто електричниот Citan, што ќе даде дополнителен замав во достигнувањето на целта со лесните товарни со сребрената ѕвезда.

Mercedes-Benz Vans од почетокот на април до завршетокот на јуни испорачал околу 3.900 товарни возила со чисто електричен погон. Во споредба со истиот период лани, бројот на испораки напредувал за 61 процент. Најголемиот дел од продажбата на електричните транспортери отпаѓа на eSprinter и eVito. Од овие два модели се испорачани 3.100 примероци, што е близу двојно повеќе од лани. Мал пад од 4 проценти има во испораките на EQV (електрична V-Class) на пазарот на приватни купувачи.

Иако снабдувањето со полупроводници и натаму се одвива со голема неизвесност, продажбата во вториот квартал се задржа на високо ниво, со 100.000 продадени возила во светот, и пад од само 2 проценти. Од вкупниот број возила, 83.900 примероци се набавени како службени возила од моделите Sprinter/еSprinter, Vito/eVito, Vito Tourer/eVito Tourer и Citan.

Двојно е зголемена продажбата на Sprinter и на Metris (Vito) на пазарот во САД, каде што е постигнат квартален рекорд со 19.700 возила.

Добро се одвива и продажбата на транспортери за приватни купувачи. Покрај V-Class и EQV, во овој сегмент од мај учествува и новата T-Class, луксузна изведба на Citan. На приватни купувачи им се испорачани вкупно 16.000 ванови. За оваа повеќе од солидна бројка, најмногу придонесува огромната побарувачка за возила за кампување. Mercedes-Benz Vans таму го нуди моделот Marco Polo, вклучувајќи најразлични изведби.

New item by Automedia MK / Google Photos

За работа да е, ѕвезда да носи: Новиот Mercedes Citan во Мак Аутостар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Civic Type R за 50 години Civic и 25 години Type R

volkswagen херберт дис

Volkswagen го смени шефот, Блуме на местото на Дис