Др. Херберт Дис останува прв човек на концернот Volkswagen до октомври 2025 година. Тој ќе раководи со најголемиот производител на автомобили во Европа до својот 67-ми роденден.
Денешниот настан во Волфсбург имаше за цел надзорниот одбор на концернот Volkswagen да се запознае со стратегијата до 2030 година. Контролниот гремиум оцени дека стратегијата „New Auto“ нуди солидна основа за раст и даде одобрение за истата. Целта е концернот да ја презеде водечката улога во електромобилноста во светски рамки, како и во софтверот што практично е „мотор“ на новиот свет на мобилноста.
Volkswagen веќе шеста година напредува одлично кон лидеството во електромобилноста, така што тежиштето во следните години ќе биде поставено повеќе на развојот во подрачјето на софтверот. Главната улога му припаѓа на автономното возење. Се предвидува дека автономното возење во следните десет години ќе придонесе за удвојување на автомобилскиот пазар, заедно со останатите услиги за мобилност што се софтверски базирани.
Своевиден клуч во реализацијата на стратегијата до 2030 година е „People & Transformation“. При преоѓањето од класичен инженерски и експертски концерн, во технолошки концерн што ќе вклучува уште бројни работни полиња, решавачки фактор ќе биде воведувањето флексибилност во работењето.