за

Приватниот Mustang на Стив Меквин наскоро на аукција

Автомобилот за којшто како прв сопственик е запишано името на холивудската легенда Стив Меквин, моментно е кај дилер за користени возила во Европа и наскоро ќе се бара нов сопственик.

Трговец со користени автомобили во германското гратче Метман, близу Диселдорф, го купил приватниот Ford Mustang на холивудската легенда Стив Меквин во САД. Познати наддавачки куќи покажаа голем интерес за ова историско парче на четири тркала.

Извесен Михаел Фрелих, трговец со олдтајмери во близина на Диселдорф, го купил приватниот Ford Mustang на холивудската ѕвезда Стив Меквин (1930-1980) и планира наскоро да му најде нов сопственик на автомобилот. За да се случи смена на сопственоста, потребни се најмалку 100.000 долари, односно околу 84.000 евра. Во веста што ја објави германската агенција dpa, се наведува дека неколку аукционерски куќи веќе покажале интерес за историскиот Mustang.

Според сообраќајната дозвола издадена во американската сојузна држава Орегон, како прв сопственик на Ford Mustang Fastback е запишано името Стив Меквин. Овој вреден примерок од американскиот култен модел е регистриран во 1969 година.

Познајник на холивудскиот актер го купил автомобилот од вдовицата на Меквин. Сето изминато време, Mustang го поминал во сопственост на фамилијата

Фрелих е вешт трговец со олдтајмери и веќе има продадено голем број автомобили од познати личности. Синиот Mustang Fastback според дилерот, „вози, врти и сопира“. Автомобилот не е во најпримерна состојба и времето оставило траги, но ништо не е сменето на него.

Ford своевремено го зајакнал и го тјунирал автомобилот по барање на хоби-тркачот Меквин. Нема точен податок колкава е моќноста на моторот. Стив Меквин почина од инфаркт во 1980 година, при операција во Мексико. Оригиналниот филмски Ford Mustang GT од 1968 година, што Стив Меквин го возеше во култниот филм „Булит“ неодамна беше продаден по рекордна цена од 3,7 милиони долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Одборот на VW го продолжи договорот на Дис за уште две години

Последниот Lotus со бензинец има мотор од AMG