за

Електричниот камион Mercedes-Benz eEconic стартува со сериско производство

Daimler Truck започна со сериско производство на електричниот Mercedes-Benz eEconic, модел што главно е наменет за користење во комуналната служба во градовите.

Вториот модел на камион на Mercedes-Benz со погон само на струја почна да излегува од производствената лента во Верт, Германија. Таму веќе извесно време се произведува електричниот камион eActros.

Брзо се шири понудата од електрични камиони на Daimler Truck, како што сега гласи огранокот со товарни возила што се издвои од Daimler-Benz AG. Од фабриката во Верт, во јужниот дел на германската сојузна покраина Рајнска Област – Пфалц, почна да излегува Mercedes-Benz eEconic, како втор модел со погон на струја. Моделот е наменет за користење во комунална служба и следи брзо по стартот на производството на знаменосецот eActros во октомври лани.

Mercedes-Benz Truck го развиваше eEconic во тесна соработка со клиентите. Завршната фаза беше тестирање во редовна служба кај клиентите, што стартуваше во мај годинава. Првиот примерок од сериско производство заминува во Данска, во служба кај компанијата Urbaser A/S. Уште бројни клиенти се решија за серискиот модел eEconic entschieden. Испораките ќе се одвиваат постепено во текот на годинава.

Посебно во големите градови постои потреба од тивки, чисти и безбедни решенија за логистика и за собирање отпад. Ние го нудиме соодветниот камион што одговара точно за тоа

Др. Ралф Форхер, директор на Mercedes-Benz Special Trucks

Производството на eEconic се одвива на истата линија на Mercedes-Benz Special Trucks на којашто се произведуваат примероците од Econic со мотор со внатрешно согорување. По целосната монтажа на возилото следи доработка во Future Truck Center, односно вградување на електричната погонска спрега. Истата постапка се применува и за eActros.

Уште од 2018 година започна обуката на вработените во фабриката во Верт за работа со висок напон. До денес, квалификацијата ја поминаа околу 2.700 работници.

Покрај познатите предности на електричниот погон, тој овозможува и рамен под на возачката кабина. Тоа го олеснува работното секојдневие, посебно во случаи во коишто возачот мора поради сообраќајните услови да излегува од спротивната страна, за да постапува со отпадот. Други значајни предности се мутимедискиот кокпит, панорамскиот ветробран и греењето на ветробранот. Mercedes-Benz Trucks стандардно вградува систем S1R што го запира возилото кога директно пред него има пешак или велосипедист, во подрачејто што возалот не го гледа кога скршнува вдесно. Исто е стандард и самостојното запирање при опасност Active Brake Assist.

Дозволената вкупна тежина на eEconic изнесува 27 тони. Електричната погонска спрега се состои од електрична оска со два интегрирани електромотори и двостепен менувач. Батеријата се состои од три модули, од по 112 kWh, односно номинално 97 kWh. Двата електромотори со водено ладење произведуваат трајна моќност од 330 kW и максимална моќност од 400 kW.

Користењето на eEconic во комунална служба во град е одлично за електричниот погон, затоа што при секое запирање и забавување се дополнува батеријата. Секако дека е особено важно и тоа станбените средини не се вознемируваат со бучава рано наутро, а исто и целосно отсуствува каква било штетна емисија. По завршувањето на дневната служба, батеријата може да се полни на полнач со моќност до 160 kW.

Електричен Mercedes eActros разнесува пиво во Минхен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen херберт дис

Volkswagen го смени шефот, Блуме на местото на Дис

Toyota Hulux ќе вози и на масло од фритеза