Постојаната поставка на музејот на Mercedes во Штутгарт содржи 160 возила и 1.500 експонати. Посебен составен дел се „33 Extras“. Таму се наоѓаат едни од највредните сведоштва за автомобилската историја, но честопати и општи сведоштва за светот низ времето. Претходно објавивме за најстарата возачка дозвола во светот, што се наоѓа во музејот и издадена е во 1910 година. Следат неколку интересни факти и приказни за историјата на бришачите.
Бришачи за чиста глетка
Ветробранот ги спаси возачот и патниците од постојана изложеност на водушните струи при возењето. Но, поставувањето ветробран во автомобилите донесе нов предизвик. Капките дожд на ветробранот ја попречуваат видливоста. Возењето во такви услови е небезбедно. Решението пристигна веќе во 1903 година. Американката Мери Андерсон на 10-ти ноември го регистрираше патентот за „уред за чистење прозорци“ под број 743.801А.
Едноставна конструкција
Првиот бришач во светот има дрвени рачки и гумени бришачи поставени на нив. Рачките кружат околу една точка на прицврстување. Веќе бил решен и погонот: Покрај возачот се наоѓа рачка. Кога возачот ќе ја повлече рачката, се затегнува пружина, којашто по отпуштањето предизвикува брипачот да лизга по ветробранот.
Од каде дошла инспирацијата?
Андерсон се инспирирала за својата идеја за време на едно зимско возење во трамвај во Њујорк. Таа забележала дека снегот го попречувал видот на возачот. Во такви услови било вообичаено да се подигне дел од предното стакло, за возачот да гледа пред себе. Тоа правело да им биде студено на патниците. Дамата тогаш се сетила дека бришачот за стакло ќе го реши проблемот.
Пионерка
Американката го имала вистинското решение, но уште било прерано. Анредсон се обидела да го продаде својот изум, во име на комфорот и безбедноста, но ниту еден производител на автомобили не вградувал бришач фабрички. Дури по завршувањето на важноста на патентот почнува помасовно вградување на бришачот во 1920-те години.
Варијанти
https://photos.app.goo.gl/3gxuDsamjqJM68Gc9
Со подобрувањето на видливоста се занимавале и други пронаоѓачи. Принцот Хајнрих од Прусија, пасиониран автомбилист и брат на германскиот крал Вилхелм Втори, во 1908 година го патентирал „Хенричи чистач за стакло“. Станува збор за обична лајсна што е обложена со платно. Таа се прицврстува горе на ветробранот и се движи рачно. Проблем е тоа што бришачот може да се вградува само на возила со отворена каросерија. Така, возачот и патниците можеле и да накиснат, но барем видливоста е чиста.
Усовршување
Во следните децении, бришачот се усовршувал постојано. Погонот го преземаат електромотори, а повисоките брзини на возење бараат подобра конструкција. Потоа настапуваат електроника и сензори, се спречува гумата да се залепи на ветробанот и се грее течноста за миење, којашто кај неколку модели веќе излегува од самиот бришач. Голем дел од иновациите потекнуват од Mercedes.
Револуционерни изуми
https://photos.app.goo.gl/wwBzrDDBMoJV9W1XA
Прочуениот инженер Бела Барени, главен за безбедноста во Mercedes, во 1951 контруира бришач што се вовлекува заради подобра заштита на пешаците. Еден единствен бришач првпат се вградува во студискиот автомобил C 111-II во 1970 година. Тој почнува да се вградува во серија во 1982 година, во „беби-бенцот, во генерацијата W 201. Конструкцијата е многу сложена, со кинематика што прави да се брише многу голема површина од ветробранот.
Бришачи и за светлата
https://photos.app.goo.gl/6a15APc7tdcZxYi48
Бришачи постојат и за светлата. Таков уред поседува S-Class од генерацијата 116, исто како и родстерот и кабриолетот (SL/SLC) од генерацијата 107. Заедно со бришачите се вградува и прскалка за миење на стаклата на светлата.
















