Јапонската индустрија постепено се нормализира по масивниот пад поради корона-кризата. Најголем придонес, за третата најголема економија во светот да порасне за одлични 8,0% во јули, имаат токму фабриките за производство на автомобили и делови за автомобили.
Јапонија претходно потврди дека економијата ѝ пораснала за 1,9 процент во јуни. Продукцијата на автомобилската индустрија, што е од стратешка важност за националната економија, во јули се зголемила за 38,5 проценти во споредба со еден месец претходно.
Вкупното производство во земјата и натаму заостанува зад нивото пред пандемијата. Во следните месеци се очекува умерен раст. Сепак ќе биде потребно да мине подолго време додека индустријата се врати на нивото пред кризата.
Според владините анкети, индустријата очекува продукцијата во август да порасне за 4,0 проценти, а потоа за 1,9 процент во септември.
>>> Toyota во јули продала близу 15% повеќе возила во Европа

















