Летање дрон во музејот на Mercedes

Летање дрон во музејот на Mercedes
Летање дрон во музејот на Mercedes

Мини дронови што се големи колку дланка направија спектакуларни снимки низ музејот на Mercedes. Видеото за само неколку денови надмина шест милиони прегледи.

Музејот на Mercedes сними нов филм со дрон, по повод повторното отворање. Скапоцените автомобили во музејот првпат се прикажуваат од оваа перспектива. Динамиката што само дрон може да ја постигне, му дава посебен печат на видеото.

Снимките се направени со мини дронови, кои тежат помалку од 100 грами и носат 4K-камери со висока резолуција. Креаторите на ова видео го искористија тоа што дроновите се големи колку дланка и ги пуштија буквално да пролетуваат низ историските модели на Mercedes.

Четириминутниот филм може да се погледне на каналите на музејот на Mercedes-Benz на социјалните мрежи. Само за неколку денови, филмот надмина шест милиони прегледи.

https://www.facebook.com/mercedesbenzmuseum/posts/10157644453738772

Над зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа

Над зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа

Претходна објаваVolkswagen Nivus може да биде баран и поради бразилскиот дизајн
Следна објаваИлон Маск со заработка од 775 милиони американски долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here