Покрај тоа што беше пример за производител на електрични автомобили, Тесла долги години претставуваше и влог во Илон Маск и во неговите визии. Тие што веруваа во успехот на Тесла, веруваа и во автономни возила, роботски такси, човеколики роботи и во идејата дека Илон Маск ќе ја воздигне компанијата во новата технолошка ера. Но, во меѓувреме, дури и кај најтврдокорните приврзаници на Тесла, почна да се јавува недоверба. Прашањето е, дали Илон Маск воопшто се грижи за Тесла?
Додека најбогатиот човек на светот им е посветен на Спејс Икс и на плановите за истражувачки центри во вселената и безчовечки мисии на Марс, Тесла сé повеќе се насочува кон вештачка интелигенција, роботика и автономно возење. За привзаниците што првично купуваа Тесла поради Маск, тоа е голема промена.
Од електрични автомобили до физичка АИ
Тесла скршна далеку од првичниот модел на бизнис. Возилата и натаму се во средиштето на компанијата, но стратегијата води сé посилно кон човеколиките роботи Оптимус и кон автономните роботски возила Сајберкаб.
Тоа ги вознемири инвеститорите. Тесла прави обиди да се пробие како компанија за т.н. физичка АИ. Тоа повеќе не се однесува само на софтвер и електрични автомобили, туку на машини што со помош на вештачка интелигенција ќе преземат секојдневни работи.
Проблемот е во тоа што овие бизнис модели досега постојат само како ветување. Додека Тесла веќе има докажан производ со своите електрични автомобили и има широка мрежа од фабрики, допрво мора да се чека дали роботското такси, Оптимус и автономните возни паркови ќе профункционираат во вистинскиот свет.

Инвестирорите загубија трпение
Оваа недоверба веќе влијае врз вредноста на акциите. Од почетокот на годинава, акциите на Тесла загубија четрвтина од ведноста. Во светот на Тесла, тоа значи загуба од 450 милијарди долари. Во исто време, Тесла мора да вложува енормни суми во вештачка интелигенција, во компјутерски центри и во нови бизнис модели.
Јазот меѓу соништата и стварноста ги разочарува инвеститорите и приврзаниците. Гери Блек, менаџер во Фјурч Фонд, повеќепати искажа недоверба јавно, дека божемниот систем за автономно возење на Тесла, од сегашните 90 до стотина возила што се пуштени да се движат без возач, ќе успее да се развие во поширок обем и во голем возен парк од автомобили што се движат самостојно.
Негодуваат и други долгогодишни подржувачи. Мет Смит, партнер на инвеститорската група Ребелионер, напиша дека повеќе не верува во оправдувањата на менаџментот. Тој наведува дека премногу ветувања се неисполнети и пропуштени се роковите. Смит точно објаснува: „Јас сум инвеститор, не сум чирлидерка.“

Главниот проблем е Маск
Инвеститорите не ги буни прашањето, дали визиите на Тесла ќе се остварат некогаш, туку ги загрижува Илон Маск. Тие негодуваат поради тоа што Илон Маск работи во бројни компнании и на бројни проекти. Тесла денес вреди над билион долари. За таква компанија, не се доволни само ветувања. Инвеститорите бараат продукти, поголема заработка, исполнување на роковите.
Поради тоа, инвеститорите гледаат поинаку во Тесла. Раните инвеститори постигнаа огромни заработки и беа подготвени да го поддржат Маск доколку се јават потешкотии во бизнисот. Но, од тој стартап, денес се разви мега-концерн. Дотолку се поголеми очекувањата. Идејата беше преку широкоградиот пакет за наградување на работата на Маск да се поттикне неговата активност во производството на автомобили. Инвеститорите ценат дека тоа не успеало.
Милијарда роботи, но кога?
Маск постави долгорочни цели, дека Тесла ќе стане гигант. Тој вети милијарда човеколики роботи Оптимус, огромен возен парк од автомобили што се движат сами, светска мрежа од такси служба со роботски возила, како и масовно производство на микрочипови. Доволно е еден од овие планови да се оствари и Тесла да прерасне во технолошки моќник. Но, ниту еден од тие планови уште не е реализиран.
Најголеми се разочарувањата кај автономното возење. Тесла со години ветува дека возилата ќе почнат да ѝ се движат без возачи. Ништо од тоа досега. Системите се унапредуваат, но уште е далеку од ветената реализација.















