за

Toyota и Suzuki во моќна алијанса, ќе биде бурно

toyota corolla modelska gama
toyota corolla modelska gama

Toyota ќе откупи 24 милиони акции на Suzuki во вредност од 815 милиони евра, додека Suzuki на берзата ќе купи акции за половина од таа сума. Тоа е одговор на промените што следат во браншата, откако во бизнисот се вклучуваат се повеќе компании кои

Корпорацијата Toyota и корпорацијата Suzuki го здружуваат капиталот. Спогодбата е потпишана денес (28-ми август), а целта да се постигне долгорочна соработка во нови деловни подрачја, меѓу другото и во автономното возење.

Двете компании постепено го унапредуваат партнерството уште откако беше потпишан првиот договор за соработка, на 12-ти октомври 2016. Toyota и Suzuki годинава во март објавија дека покрај меѓусебна размена на модели и компоненти, ќе преминат и на заеднички развој и производство. Toyota пристапува во соработката со своето искуство во електрификацијата на погонската спрега, додека Suzuki ја нуди експертизата во развојот и производството на малечки и компактни автомобили.

Јапонските автомобилски гиганти образложуваат дека ова унапредување на соработката следи како резулат од радикалните промени што се случуваат во глобалната автомобилска бранша, кои се поттикнати главно од строгите барања за заштита на животната средина. Меѓутоа, големо влијание имаат и новите моќни играчи, кои пристигаат од други бранши, вклучувајќи ги и моќните компании за новите видови на мобилност, од типот на Uber или Waymo.

Преку соработката, Toyota и Suzuki ќе направат нивните модели уште повеќе да се издвојуваат во конкурентската трка, но секоја марка ќе продолжи да си ја почитува сопствената стратегија и моделска политика

Toyota и Suzuki ќе соработуваат во нови подрачја и ќе ги унапредуват истите, но во исто време ќе го задржат конкурентскиот однос. Соработката меѓу другото ќе придонесе двете различни марки уште повеќе да ги издвојат своите модели во конкурентската трка, при што секоја марка ќе ја следи сопствената стратегија и моделска политика.

Здружените компании ќе извршат меѓусебна размена на акциите. Toyota ќе купи 24 милиони матични акции на Suzuki (4,94% од акциите што Suzuki ги има издадено на 31-ви март 2019, не вклучувајќи ги сопствените акции), во вкупна вредност од 96 милијарди јени, односно повеќе од 815 милиони евра.

Suzuki ќе обезбеди удел во Toyota во вредност од 48 милијарди јени, преку откуп на акции на берзата.

Toyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

германски зборови во автомобилскиот жаргон

Од ајншприц до штуцна: Германски зборови во автомобилскиот жаргон

Opel Corsa-e

Opel дава пример како се субвенционираат електромобилите во Германија