140
43 shares, 140 points

Toyota и Suzuki започнаа да ги разработуваат деталите околу соработката којашто беше потпишана уште пре две години. Двата производитела настапуават со својата силна страна, Toyota во електрификацијата, Suzuki во делот на компактните возила.

По две години откако беше потпишан договорот за соработка, Toyota и Suzuki започнуваат да ги разработуваат конкретните детали. Покрај тоа што секој производител ќе настапи со својата силна страна во оваа соработка – Toyota во делот на електрификацијата, Suzuki во технологијата за компактни возила – партнерите планираат и заедничко производство, како и популаризација на електричните возила.

 

Главните детали на соработката:

 

Силните страни на Toyota: Електрификација на погонска спрега

1. Toyota ќе го снабдува Suzuki со THS (Toyota Hybrid System)

(На глобално ниво)

2. Toyota ќе асистира во локалното производство на хибридни системи, мотори и батерии во Индија, наменети за модели со хибриден погон за најширокиот пазар

(Индија)

3. Toyota ќе го снабдува Suzuki во Европа со две платформи за модели со хибриден погон, на база на RAV4 и Corolla Touring Sports

(Европа)

Силните страни на Suzuki: Компактни возила и мотори за нив

4. Suzuki ќе ја снабдува Toyota во Индија со платформи за две компактни возила, на база на Ciaz и Ertiga

(Индија)

5. Toyota ќе ги користи новите мотори на Suzuki во своите компактни модели. Моторите ќе се произведуваат во фабриката на Toyota во Полска

(Европа)

6. Suzuki во Индија ќе ги произведува за Toyota моделите Baleno, Vitara Brezza, Ciaz, Ertiga, кои потоа ќе се продаваат во Африка

(Индија)
Соработка во технолошки развој и производство

7. Toyota ќе го користи искуството на Suzuki во развојот на модели за Индија и заеднички ќе се развива мултинаменско возило на Toyota од компакт класата; Техниката од овој модел ќе ја користи и Suzuki

(Индија)

8. Toyota ќе го произведува СУВ-моделот Suzuki Vitara Brezza во својата фабрика во Индија, од 2022 година

(Индија)

Двете компании ќе го задржат конкурентскиот однос на глобалниот пазар, но во исто време ќе разгледуваат и натамошни можности за соработка, согласно договорот.

 

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

За преку ред до Suzuki Jimny се плаќа и по 10.000 евра

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Toyota ќе испраќа возило со водороден погон на Месечината

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
43 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *