за

Германска полиција ќе брка криминалци со Ford S-Max

ford s-max германска полиција

Полицијата во германската покраина Северна Рајна – Вестфалија ќе користи Ford S-Max како патролно возило. Тоа би требало да е погоден избор, затоа што основата на брзиот ван потекнува од Mondeo

Полицијата во Северна Рајна – Вестфалија ќе добие 1.200 примероци од Ford S-Max, коишто ќе се користат како патролни возила. Ванот се покажа како најдобар избор во обемното тестирање што го спроведе министерството за внатрешни работи на оваа германска покраина, раководејќи се според практичноста и погодноста на возилото. Големиот ван на Ford отсекогаш се издвојувал со динамичните возни својства во сегментот кадешто тие обично имаат споредно значење. Но, во „полицискиов случај“, S-Max е вистинскиот избор.

Под хаубата работи дволитарски дизел EcoBlue со 190 КС, кој е во комбинација со осумстепен автоматски менувач. Покрај тоа што ванот фабрички поседува богата комфорна и безбедносна опрема, вклучувајќи и висинско местење на подвозјето, во него е вградена и целосната полициска опрема. Во вградувањето и приспособувањето на оваа опрема беше ангажиран фабричкиот тим, во соработка со добавувачите на опремата.

Може едно спортско комбе од Ford со 185 КС?

Ford Capri: Германскиот Mustang слави 50-годишнина

Кога Ford Focus добива мотор од Mustang станува Focus ST

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo камера возач безбедност

Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот

Toyota Suzuki соработка

Toyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка