за

Rolls-Royce е ѕвездата во ова музичко видео

rolls-royce dawn inspired by music

Кога некоја автомобилска марка може да си ги дозволи сите епитети и титули, зошто тогаш да не си го дозволи и задоволството да пропее. Rolls-Royce сними музичко видео во коешто изведувачот е кабриолетот Dawn. Ова не е првиот музички спот од Гудвуд

Во акустичната соба во седиштето на Rolls-Royce во Гудвуд се снимаше музичко видео. Во оваа специјална просторија којашто спречува создавање какво било ехо, обично се тестираат прототипите на идните сериски модели на Rolls-Royce, пред да влезат во производство. Оттука е излезен и најтивкиот автомобил во светот, актуелниот Phantom. Новиот Cullinan, исто така.

Со најчувствителен микрофон се снимаа звуците од механиката и електриката на моделот Dawn. Музиката на Rolls-Royce ја сочинуваат звуци како мекото затворање на вратите, излегувањето на чадорот од неговата преграда во вратата, лизгањето на бришачите, трепкачите, и секако, звукот кога Емили излегува од лежиштето за да го заземе своето место врз хромираната маска. Овие звуци беа искористени во аранжирањето на музиката којашто би можела да се најде и на топ-листите.

Нумерата именувана Dawn Inspired by Music следи по одличниот прием на Wraith Inspired by Music меѓу публиката. Премиерното емитување на новата песна на Rolls-Royce меѓу избрана публика ќе се случи денес, во рамките на Concorso D’Eleganza Villa d’Este, прочуениот собир на најбогатите колекционери на автомобили на брегот на езерото Комо во Италија. Манифестацијата завршува в недела.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i8 fabrika lajpcih

BMW ја проширува фабриката за електрични автомобили

старите дизели забрана

Старите дизели се забранети во овие европски градови