Rolls-Royce Phantom е автомобилот на когошто најдобро му успева да понуди различно возачко искуство. Изборот на автомобил на годината што го организира британскиот магазин GQ исто така се разликува од останатите.
Двослојни стакла со дебелина од шест милиметри и 130 килограми материјал за звучна изолација. Тоа само приближно покажува што сé е потребно да се направи, за автомобил да стане достоен за името Rolls-Royce. Во случајот на Phantom, уште повеќе.
Британскотo издание на магазинот GQ ги избираше најдобрите автомобили за 2018 година. Rolls-Royce Phantom го доби највисокото признание, за „најдобро натприродно возачко искуство“. Кралот на автомобилите го убеди независното жири во изборот со тишината во кабината и со прочуеното чувство на летање на волшебен килим.
За жирито на магазинот, Rolls-Royce Phantom е многу повеќе од автомобил
Магазинот напиша: „Милениумскиот старт на Rolls-Royce во 2003 година беше последната голема автомобилска авантура. Новиот Phantom додава двојно на тоа, оваа прекрасна машина едноставно го менува од корен концептот на патување со автомобил.“
Британскиот магазин што од никого не препишува и од никого не копира, го додава и ова: „Во возењето се стекнува впечаток како Rolls-Royce да пронашол нова и подобрена верзија на тишината, исто како и на просторот – уметничка галерија се наоѓа на местото кадешто другите имаат здодевна арматурна табла.“
Победниците во годинешниот избор на British GQ
Најдобро натприродно возачко искуство – Rolls-Royce Phantom
Најдобра внатрешност (веројатно и надворешност) – Bentley Continental GT
Награда за технолошки хедонизам – McLaren 570S Spider
Награда за најсупер супербрз суперавтомобил – Ferrari 812 Superfast
Најдобар начин да се постигне брзината на светлината (и исто толку брзо да се сопре) – Bugatti Chiron
Награда за вресок кога сакаш да возиш побрзо – Volkswagen Up! GTI
Награда за живот и Сеул (соул) на забавата – Hyundai i30N
Награда за визија за иднината – Vision Mercedes-Maybach 6 Cabriolet
Најдобро искористување на струјата по светилката – Jaguar E-Type Zero
Награда за искачување по секоја планина во луксуз – Range Rover Velar
Награда за унапредување на лимузините до следното ниво – Audi A8
Најдобар нелетачки приватен авион – Marchi Mobile GmbH Elemment
Најдобар мотоцикл што сами сме го изработиле (поточно, нарачале) – The British GQ x Barbour International Triumph Thruxton R by Untitled Motorcycles
















