Непал забранува автомобили постари од 20 години

загадување воздух непал
Фото: http://codefornepal.org

Хималајската држава презема строги мерки против загадувањето на воздухот. Од средината на март во Непал се забранува сообраќајот за сите моторни возила што се постари од 20 години.

Од средината на следниот месец, сите возила што се постари од две децении повеќе не смеат да сообраќаат по патиштата во хималајската држава Непал. Властите образложуваат дека на тој начин ќе се намали метежот по патиштата и ќе се постигне подобар квалитет на воздухот.

Забраната се однесува на околу 5.000 моторни возила, вклучувајќи автобуси и камиони. Единствено такси возилата се исклучени од забраната. Во главниот град Катманду постои слична забрана од пред една година. Непал е една од државите со територија што се наоѓа на најголема надморска висина. Но, тоа не ја поштедува оваа јужноазиска држава да биде високо на списокот на земји со највисока аерозагаденост во светот.

Воздухот во Тетово е повеќе загаден отколку во Катманду

Според последниот извештај на Светската здравствена организација, непалската престолнина е на 241-то место на градови со највисока концентрација на PM10 во светот, со 88 микрограми честички на еден метар кубен. Нашиот најзагаден град според СЗО, Тетово, на истата листа се наоѓа на 98-то место, со 140 микрограми PM10 на метар кубен. Скопје на истата листа се наоѓа со 74 микрограми PM10, Битола со 69, Велес со 51 микрограми PM10 на метар кубен. Официјалните податоци со коишто располага СЗО се однесуваат на 2013 година, списокот опфаќа 3.000 градови во светот.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Во потрага по мистериозниот загадувач на македонскиот воздух

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Ова се најеколошките (и најевтини) автомобили на македонскиот пазар

Претходна објаваRolls-Royce Phantom е „натприродно возачко искуство“ според GQ
Следна објаваЛебдечка зебра ги штити пешаците од залетани возачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here