за

BMW ја проширува фабриката за електрични автомобили

bmw i8 fabrika lajpcih

BMW вложува 300 милиони евра во фабриката во Лајпцих. Капацитетот на погоните во коишто се произведуваат електричниот BMW i3 и спортскиот хибрид BMW i8 се зголемува за уште 100.000 автомобили

До крајот на деценијава, BMW ќе ја зголеми продукцијата во фабриката во Лајпцих на 350.000 автомобили годишно, што е за дури 100.000 автомобили повеќе од постоечкиот капацитет. За таа цел, Баварците вложуваат 300 милиони евра, со што вкупната инвестиција во оваа фабрика ќе достигне три милијарди евра. BMW ја отвори својата најнова фабрика во Германија во 2005 година и оттогаш произведе 2,3 милиони возила.

Струјата за производство на електричниот BMW i3 потекнува од обновливи извори

Покрај електричниот i3 и двете каросериски изведби од спортскиот хибрид i8, во Лајпцих се произведуваат и серијата 1, како и миниванот, купето и кабриолетот од серијата 2. Електричниот компакт се произведува во засебна хала, со користење енергија од обновливи извори. Нема официјална потврда дали во Лајпцих ќе се произведува уште еден електричен модел, иако на неодамнешното акционерско собрание беше најавен стартот на кросоверот BMW iNext.

Најголемиот дел од инвестицијата е наменет за проширување на лакирницата, чијшто капацитет ќе се зголеми за 40 проценти, а воедно ќе се намали и количината на отпадна вода. Во одделението за изработка на каросерии ќе се постават уште 500 роботи. Оттука ќе се испорачуваат врати и капаци за фабриките што ги произведуваат останатите моделски серии на BMW.

Германските медиуми реагираа за тоа што со 500-те нови роботи не се отвора ниту едно „човечко“ работно место

Германските медиуми реагираа остро на тоа што проширувањето на фабриката нема да повлече и нови работни места. Според менаџментот, инвестицијата во нови роботи ги гарантира постоечките работни места во фабриката.

Флексибилноста е клучниот збор во производството во BMW. Во развојот на новите генерации на сите моделски серии се предвидуваат сите погонски решенија, односно мотори со внатрешно согорување, плагин хибриди и модели со електричен погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche 911 osma generacija (992)

Porsche 911 пристига во нова генерација веќе годинава

rolls-royce dawn inspired by music

Rolls-Royce е ѕвездата во ова музичко видео