за

Полска планира масовно производство на електрични автомобили

fso polonez ilustracija

Полска компанија со државен удел ќе вложи две милијарди злоти или преку 450 милиони евра во производство на електрични автомобили. Моментно се разгледуваат 17 можни локации во земјата. И, ова не е првоаприлска шега.

Според шефот на компанијата ElectroMobility Poland, Пјотр Заремба, изградбата на фабриката би траела до три години. Првично се планира годишна продукција од 100.000 електрични возила, а оваа бројка подоцна треба да се зголеми двојно. Во фабриката ќе се вработат 3.000 лица.

Компонентите за електричните возила исто така во најголем дел ќе потекнуваат од полска продукција. Повеќето добавувачи и партнери ќе бидат полски компании.

Полска е најголем национален пазар без сопствена автомобилска марка

Развојот на електромобилноста е дел од долгорочниот план за економски развој на земјата. Според планот, до 2025 година по патиштата во Полска треба да возат еден милион електрични автомобили. ElectroMobility го сочинуваат четири полски компании од подрачјето на енергетиката, во коишто владата го има решавачкиот глас.

Автомобилот од „насловната“: FSO Polonez, модел што своевремено беше редовен дел од возниот парк во земјите од Источниот блок, заедно со Fiat 125p и 126p; секако и по македонските патишта

Peugeot стартува производство на мотори во Полска

Mercedes отвора 1.000 работни места во Полска

За пијани на велосипед: 4000 евра во Британија, затвор во Полска

Луксузен крстосувач од Полска: Varsovia Concept

 

 

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai Tucson N-Line

Hyundai Tucson отсега и во спортска изведба N Line

porsche испорака железница Кина

Porsche со воз до Кина за 20 дена, двапати побрзо од брод