Peugeot стартува производство на мотори во Полска

Peugeot мотори Полска

Концернот PSA стартуваше со производство на трицилиндарскиот мотор од 1,2 литар во Полска. Моторот од генерацијата EB се нуди во атмосферска и турбо верзија, а досега се произведуваше во Франција, во фабриките во Дуврин и Тремери, како и во Кина. Подоцна во текот на годинава ќе започне производството на моторот во Унгарија (Сентготард), во Мароко (Кенитра), а од 2020 година и во Индија (Хосур).

Французите досега имаат произведено 3,8 милиони примероци од двете верзии на моторот EB. Дополнителните производствени капацитети за моторот во полскиот Тиши се резултат од преземањето на Opel и вградувањето на моторите на Peugeot на местото на германските мотори во новите модели од Риселсхајм, кои користат заеднички платформи и техника со моделите на францускиот концерн.

Петстотини електрични Peugeot за жителите на Париз

PSA го менува дизајнот на Opel да не личи со Buick

Opel ќе развива седишта и менувачи за PSA

Претходна објаваСнегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan
Следна објаваSkoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here