за

Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

Skoda Scala pretstavuvanje

Наследникот на Rapid пристига на пазарот непосредно пред новата генерација на Golf. Од повеќе гледишта се прават паралели со германскиот компакт и бестселер во класата. Skoda Scala е важен дел од стратегијата на концернот, којашто годинава ќе предизвика големо разместување на пазарните позиции

Најголемиот автомобилски пазар во Европа ја има привилегијата да го означи стартот на продажбата на новите модели. Skoda Scala, како единствен наследник на лимузината Rapid и комбито Rapid Spaceback, веќе стартуваше со нарачки на германскиот пазар. Меѓу посебните квалитети на моделот, Чесите ги издвојуваат безбедноста, дизајнот, просторот и за патници и за багаж, како и многуте практични детали. На тоа се надоврзуваат системи за асистенција и инфо-забавни системи кои обично се достапни во повисоките класи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во почетокот на продажбата стојат на располагање три мотори, на коишто подоцна ќе им се придружи и моделската верзија со основниот мотор 1.0 TSI со 95 КС и цена од 17.350 евра. Сите мотори поседуваат турбонатполнење и директно впрскување, во комбинација со старт-стоп и со повраток на енергијата при сопирање.

Багажникот од 467 литри ќе биде уште еден аргумент плус за Skoda Scala

Scala е прв модел што го следи новиот надворешен и внатрешен дизајн на Skoda во компакт класата. Посебен детал е класичното испишување на името на марката со издвоени букви на задниот капак, во замена за лого. Багажникот од 467 литри е меѓу најголемите во класата, со можност за максимални 1.410 литри. Од практичните детали, кои се вообичаени за марката, во новата чешка комбилимузина следуваат гребач за мраз во капакот за резервоарот, чадот во возачката врата (сериски во Ambition), електрично отворање на задниот капак и исто така електрично ракување со преклопливата влечна кука.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На германскиот пазар е достапен и системот за пристап на интернет Skoda Connect, кој следува стандардно во Scala. Со соодветна доплата, пред возачот ќе работи виртуелен кокпит со пречник од 10,25 инчи. Дисплејот во средишната конзола достига до 9,2 инчи.

Основниот бензинец со 95 КС ќе стартува со продажба во лето

Понудата од мотори ја сочинуваат два бензинци и еден дизел, сите чисти според Euro 6d-Temp. Почетокот на понудата го одбележува трицилиндарскиот 1.0 TSI со 115 КС, по кого што следи 1,5-литарски TSI со 150 КС, кој стандардно се испорачува со 7-степен DSG. Дизелот е познатиот 1.6 TDI, со 115 КС, вртежен момент од 250 Nm и можност за доплата за менувач со двојна спојка. Заради строгите норми, дизелот поседува SCR-катализатор и користи Адблу.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во основното ниво на опрема Active за германскиот пазар, Skoda Scala доаѓа со диодни предни и задни светла (за дел од функциите на осветлување), систем за следење лента, сензор за светла и преден радар, како дел од системот за самостојно запирање при опасност. Стандардно за тамошниот пазар следи радио Swing со дисплеј на допир од 6,5 инчи и интернет пристап Skoda Connect. За последнава ставка, корисниците можат да го локализираат возилото преку мобилна апликација, да го отклучат, да ја проверат количината на гориво и досегот што може да се постигне со истото, како и да го прочитаат терминот за следното сервисирање.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Второто ниво на опрема Ambition доаѓа дополнително со алу-бандажи од 16 инчи, магленки, клима уред, потпирач за рака напред, говорни команди за телефон и блутут, мултифункциски волан обложен со кожа и паркинг сензори назад.

Врвното ниво е Style, со бандажи од 17 инчи со дизајн Stratos, со сензор за дожд, комплетно диодни задни светла, динамични трепкачи, грејачи во предните седишта, двозонска клима, украсни детали во кокпитот во сјајна црна боја, радио Bolero со дисплеј од 8 инчи и поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На списокот на дополнителна опрема се наоѓа навигациски систем Amundsen, кој преку сопствениот eSIM и преку LTE воспоставува брза интернет врска и на тој начин ги обновува картите и софтверот. Нема потреба од дополнителен SIM или тетеринг преку телефон.

Уште е рано за детали за македонскиот пазар, но реално е да се очекува дека стартот на Skoda Scala ќе биде значително под „германските“ 17.350 евра – веројатно и со неколку интервенции во опремата, соодветно на условите на нашиот пазар. Конкретно, Octavia на македонскиот пазар е достапна веќе од 15.872 евра, што логично води кон претпоставката дека Scala ќе стартува со пониска цена од тоа.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Skoda Scala · Мотори и цени за германскиот пазар (во евра)

Мотор

Моќност

Менувач

Active

Ambition

Style

1,0 TSI

70 kW (95 КС)

5-степен

17.350

1,0 TSI

85 kW (115 КС)

6-степен

21.450

23.400

1,5 TSI

110 kW (150 КС)

7-степен DSG

25.200

27.200

1,6 TDI

85 kW (115 КС)

6-степен

21.500

24.350

26.350

1,6 TDI

85 kW (115 КС)

7-степен DSG

23.300

26.150

28.150

Skoda најавува мини-кросовер за салонот во Женева

Кој вели Skoda е (само) чешка марка?

Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot мотори Полска

Peugeot стартува производство на мотори во Полска

Славче Таневски интервју, Mercedes CLA

Интервју со Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars: „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“