за

Galaxy A7: Специјалист за социјални мрежи и селфи

Samsung им се посветува на корисниците на социјалните мрежи и на љубителите на селфи со новиот Galaxy A7, којшто во одредени моделски изведби користи две СИМ-картички.

Јужнокорејскиот производител Samsung ја прошири серијата од паметни телефони со Galaxy A7, со екран sAMOLED од 5,5 инчи и резолуција од 1280х720 пиксели. Исто како претходниците A3 и A5, тенкиот Galaxy A7 е оптимиран првенствено за размена на содржини во социјалните медиуми. Димензиите на компактното куќиште се 151 х 76,2 х 6,2 милиметри.

Galaxy A7 ќе биде достапен во две верзии коишто се разликуваат во процесорот. Во моделот со поддршка за две СИМ-картички и LTE работи 64-битен Qualcomm Snapdragon 615, којшто се состои од по четири јадра А57 и А53 и работи со 1,5, односно 1 GHz. Втората верзија со една СИМ-картичка исто така користи осумјадрен процесор, но се работи за сопствениот 32-битен Exynos 5430, составен од четири јадра А15 и четири јадра А7, коишто работат на 1,8, односно 1,3 GHz.

SM-A700F(SS)_009_Set1_BlackНа вградените процесори им стои на располагање работна меморија од 2 GB и интерна меморија од 16 GB, коишто со картичка microSD можат да се прошират до максимално 64 GB. Капацитетот на вградените батерии изнесува 2600 mAh. Предната камера снима со 5 мегапиксели и со функциите како Ultra Wide Shot и Auto Selfie особено одговара за автопортрети. Со овие функции може да се направат фотографии со говорна команда или со замавнување. Задната камер има резолуција од 13 мегапиксели, како и LED-блиц.

Обата уреда подржуваат Wi-Fi 802.11 b/g/n, Bluetooth v4.0, A-GPS + GLONASS. Покрај тоа, верзијата со еден СИМ е опремена со NFC. Како оперативен систем се користи Android 4.4 (KitKat). Не е познато дали ќе се понуди преоѓање на Android 5.0 (Lollipop). Samsung Galaxy A7 ќе стартува со продажба кон крајот на март.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детроит 2015: Chevrolet најавува електричен автомобил за 30.000 долари

Детроит 2015: Nissan Titan со петлитарски дизел со 310 КС