Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Најголемиот производител на патнички авиони во светот прикажа три различни замисли за авион со нулта емисија. Секој од концептите на Airbus има различна погонска технологија и различна аеродинамична конфигурација.

Заеднички за трите концепти е водородот како главен извор на енергија. Airbus верува дека водородот е совршено гориво за авијацијата, но и за бројни други индустрии, како начин за постигнување на неутралност во поглед на климата.

„Ова е историски момент за комерцијалната авијација во целина и планираме да преземеме водечка улога во најважната транзиција во индустријата досега“, цени Гијом Фори, генерален директор на Airbus. „Убеден сум дека користењето на водородот, како синтентско гориво и како главен извор на енергија за комерцијалните авиони, има потенцијал за значително намалување на влијанието на авијацијата врз климата.“

Прв од триото концепти со заедничко име ZEROe има турбомлазна конфигурација, со два хибридни турбомлазни мотори со погон на водород. Резервоарите со течен водород се сместени во опашот. Капацитетот на патници изнесува од 120 до 200 лица, а досегот е над 2.000 наутички милји (над 3.700 километри). Класични млазни мотори се приспособени да работат на водород.

https://photos.app.goo.gl/6ym9mTuoL2qpP1B1A

Вториот концепт користи два турбопропелерски мотори со погон на водород. Оваа конфигурација располага со капацитет за 100 патници и постигнува досег над 1.000 наутички милји. Класични мотори исто така се приспособени за работа на водород.

https://photos.app.goo.gl/8odyEmdAgNFyFj269

Посебно футуристички е третиот концепт, со споен труп и крила (прикажан е на носечката фотографија), со два турбомлазни мотори. Резервоарите за водород се сместени под крилата. Капацитетот изнесува 200 патници, досегот е сличен со првиот концепт. Предноста е во тоа што широката конфигурација на авионот дозволува различни варијанти на поставување на резервоарите за водород, исто како и за изведување на кабината.

Еден од основните предуслови за авијацијата да премине на користење на водород, секако дека е поставување соодветна инфраструктура за транспорт и полнење на ултимативното „гориво“ што во моментов можат да го понудат науката и индустријата. Од Airbus посочуваат дека за тоа да се реализира е неопходна владина подршка, заедно со фондови што ќе го овозможат развојот и производството на авиони со погон на водород.

>>> Mercedes прикажа концепт на камион со водороден погон

Mercedes GenH2, Mercedes eActros

Претходна објаваТоми Макинен стана советник за мотоспорт на Toyota
Следна објаваKia вградува 17 системи за асистенција во новиот Sorento

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here