за

Kia вградува 17 системи за асистенција во новиот Sorento

Знаменосецот во СУВ-понудата на Kia наскоро започнува со испораки на првите пазари во Европа. Sorento од четвртата генерација поставува нови мерила и за марката и за конкуренцијата од бројни аспекти. Овојпат им посветуваме внимание на системите за асистенција.

Kia Sorento системи за асистенција

Kia Sorento е меѓу најпродаваните и најценети модели на марката. На бројни пазари ширум светот, вклучувајќи го и македонскиот пазар, со нетрпение се очекува пристигањето на новата генерација на СУВ-знаменосецот. Во пресрет на тој момент, следи еден брз преглед на сите системи за асистенција што се достапни за големиот автомобил на Kia.

Четвртата генерација на Kia Sorento е прв модел што ја користи новата платформа за СУВ од средна класа. Таа овозможува СУВ-знаменосецот да понуди кабина што е меѓу најпросторните и најприспособливи во сегментот. Со доплата е достапна и трета клупа. Првпат се нуди и верзија со приклучен хибриден погон, како и класичен хибрид.

Од појавувањето на првата генерација во 2002 година, досега се продадени над 3 милиони примероци, од кои само во Европа се пласираа околу 300.000 возила. Производството за европскиот пазар е во фабриката на Kia во Хуасунг, Кореја. Гаранцијата е стандардна, 7 години или 150.000 километри. Кај моделите со електромотор во погонската спрега, во гаранцијата е вклучена и батеријата.

Тоа е кусото претставување на моделот, за којшто повеќепати објавивме детално. Тоа што следи е брз преглед на системите за асистенција, од кои дел се достапни или како стандардна опрема, или се вградуваат во повисоките нивоа на опрема, односно се достапни како пакет.

Спречување судир при излегување од паркинг (Blind Spot Collision Avoidance – BCCA)

Го користи задниот радар за да препознае опасност од судир со паралелен сообраќај, при излегување од паркинг. Системот ги активира сопирачките и преку симбол и звучен аларм го предупредува возачот (Нов систем, достапен во повисоките нивоа или во пакет)

Интелигентно брзинско ограничување (Intelligent Speed Limit Assist (ISLA)

Автоматски ја менува наместената брзина на паметниот темпомат, користејќи ги информациите за брзинско ограничување добиени од предната камера или од навигацијата – доколку е активирана (Стандардна опрема)

Предупредување за судир (Forward Collision Warning – FCW)

Има цел да препознае возило напред во сообраќајната лента, ги проценува растојанието и брзината и го предупредува возачот доколку се утврди опасност од судир во возилото напред (Стандардна опрема)

Помош за избегнување челен судир (Forward Collision-Avoidance Assist – FCA)

Се базира врз FCW и му помага на возачот при сопирањето, со цел да се избегне судирот или да се ублажат последиците, кога напред ќе се детектира возило или предмет (Стандардна опрема)

Помош за избегнување удар во пешак (FCA-Pedestrian)

Исто така се базира врз FCW и детектира пешаци пред возилото, по што автоматски ги активира сопирачките со цел ударот да се избегне или да се ублажи (Стандардна опрема)

Помош за избегнување удар во велосипедист (FCA-Cyclist)

Исто претставува дел од FCW и детектира велосипедисти пред возилото, по што автоматски ги активира сопирачките со цел ударот да се избегне или да се ублажи (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Предупредување при замор на возачот (Driver Attention Warning DAW)

Преку постапките на возачот препознава кога тој не внимава и пушта видливо/звучно предупредување (Стандардна опрема)

Сигнал дека возилото напред поаѓа (Leading Vehicle Departure Alert – LVDA)

Преку звучен сигнал му укажува на возачот дека возилото што мирувало напред поаѓа

Помош за следење на лентата (Lane Following Assist – LFA)

Ги следи обележаните ленти што ги детектира системот и преку корекции во управувањето помага возилото да остане во средината на лентата (Стандардна опрема)

Помош за избегнување челен судир – на крстосница (Forward Collision Avoidance Assist FCA – Junction Turning FCA-JT)

Му помага на возачот при сопирањето, со цел да спречи судир или да ги ублажи последиците, кога во одредени услови со возилото се скршнува во лево и отспротива налетува возило (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Помош при избегнување судир со возило во мртов агол (Blind Spot Collision Avoidance Assist BCA)

Во одредени услови детектира кога друго возило се движи во соседната лента, а возачот сака да се префрли во истата. Кога системот ќе го „види“ возилото во мртвиот агол, тој автоматски го потсопира предното тркало од спротивната страна, со цел во одредени услови да помогне возилото да се врати во својата лента (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Помош за избегнување судир со возило од попреку, при возење наназад (Rear Cross-Traffic Collision Avoidance Assist RCCA

Детектира кога возило се приближува од попречен правец, додека возачот излегува наназад. Во тој случај, системот го предупредува возачот и ги активира сопирачките (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Предупредување за премало растојание при паркирање – наназад (Parking Distance Warning-Reverse PDW-R)

Открива одредени предмети зад возилото и активира звучно предупредување кога ќе се препознае пречка. Пулсот на предупредувачкиот звук забрзува кога возилото се приближува повеќе до пречката (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Помош за избегнување удар на паркинг (Parking Collision Avoidance Assist PCA-R)

Ги користи задната камера и задните ултразвучни сензори за да препознае пешак или блиски пречки, кога возилото излегува од паркинг, го предупредува возачот со звучен сигнал и може да ги активира сопирачките за да спречи удар (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Паметен темпомат базиран врз навигација – свијоци (Navigation Based Smart Cruise Control-Curve NSCC-C)

Користеќи ги информациите од системот за навигација, уредот активно ја забавува брзината на возилото пред остри свијоци (Достапно во повисоките нивоа или како пакет)

Помош при возење по автопат (Highway Driving Assist – HDA)

Ја користи информацијата за брзинското ограничување од системот за навигација и во одредени услови автоматски ја смалува брзината, истовремено одржувајќи растојание од возилата напред (Достапно во повисоките нивоа или како пакет).

Помош за безбедно излегување (Safe Exist Assist – SEA)

Ги предупредува возачот и патниците при отворање врата, да почекаат кога системот ќе препознае дека се приближува возило, при што се вклучува звучен сигнал. Системот може и да ги заклучи задните врати, доколку возилото е опремено со брава за деца (Достапно во повисоките нивоа или како пакет).

>>>Kia Sorento ќе се вози и на далечинско

Kia Sorento 2020
Kia Sorento 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Audi Q5 со завршница во стил: Трет Sportback во СУВ-понудата

Audi Q5 со завршница во стил: Трет Sportback во СУВ-понудата