Новата генерација на Kia Sorento наскоро пристига на европскиот пазар. Меѓу бројните новини се наоѓа и можноста возилото да управува со далечинска команда. Системот се води кусо како RSPA, односно Remote Smart Parking Assist. Целта е масивниот СУВ да се извлече елегантно од тесен простор за паркирање и возачот и патниците комотно да седнат во возилото, без непотребна гимнастика и без гребење на лакот. Сето тоа е можно преку клучот од возилото.
Sorento е прв модел на Kia што го нуди овој систем на европскиот пазар. Исто како што паркираното возило може да се извлече од тесниот простор што го оставиле возилата околу, така истото може и да се „вметне“ во тесен простор за паркирање. Системот ќе биде достапен само со верзиите со дизел мотор, поради автоматскиот менувач што е достапен за нив и услов е за возилото да се контролира далечински.
Додека возачот го користи клучот како далечинска команда, Kia Sorento се движи по права линија напред или назад. Системот ги контролира педалата за гас, сопирачките и управувањето. Притоа, возилото се раководи според средината користејќи ги ултразвучните сензори. Во случај сензорите да препознаат опасност од удар, како и при наидување на пешак или велосипедист, возилото запира додека патот се ослободи.
Ова е само дел од системите за асистенција што Kia ги нуди во својот европски СУВ-знаменосец. Меѓу останатите системи се PCA (Parking Collision-Avoidance) и RCCA (Rear Cross-Traffic Collision-Avoidance). Првиот систем дејствува до брзина од 10 km/h и ги користи задната камера и ултразвучните сензори, за да спречат удар во пешак или пречка кога со возилото се излегува од паркинг наназад. RCCA прави излегувањето да биде побезбедно, користејќи радар за контрола на аглите што не се видливи од возачкото седиште и предупредувајќи го кога наидува возило од попречен правец. Доколку возачот не реагира на звукот, тогаш системите сами го запираат возилото.
Kia Sorento стартува на германскиот пазар од 41.500 евра

















