Volkswagen самостојно ги организира тестирањата за корона. Новиот центар за тестирање во седиштето на компанијата во Волфсбург, располага со капацитет за дневно да тестира 2.400 проби за корона. Овие проби ќе пристигаат од вкупно 10 контејнери што ќе бидат поставени на повеќе локации на Volkswagen ширум Германија. На тој начин, шансите за синџирот на инфекции да се прошири во производствената мрежа се сведуваат на најмала можна мера. Секако дека ниту една компанија од толкав ранг не смее да си дозволи затворање поради корона.
Планот во 100 точки, што Volkswagen го изработи во екот на пандемијата и го понуди како стандард за општа примена, важи и понатаму. Индустријата фактички го прифати овој план како „најдобра практика“. Тој моментно се користи од страна на над 40.000 добавувачи, партнери и шпедитери, вклучувајќи и други индустриски гранки, но и конкурентски компании.
Таканаречените проодни контејнери се поставени во кругот на фабриките во Волсфбург, Бранушвајг и Емден. Следат фабриките во Касел, Залцгитер, Емден, Хановер и во Саксонија.
Вработените што чувствуваат симптоми можат доброволно да се тестираат за корона во контејнерите, независно дали симптомите се појавиле дома или на работното место. Самата компанија ги покрива трошоците за тестирањето.
Volkswagen во соработка со Клиниката Волфсбург ќе организира лабораторија со капацитет за 2.400 тестови дневно, којашто ќе биде централна за целата мрежа на компанијата. Опремувањето со неопходните апарати го финансира Volkswagen, а со нив работи персонал под надлежност на Клиниката. Резултатот од брисот пристига најдоцна по 24 часови. Вкупно 100 лица се посебно обучени за тестирањето
>>> Volkswagen за малку во плус со продажбата во јули