Нема многу бројки во најавите за новата генерација на S-Class. Додека порано при најавувањето на толку значајни модели се соопштуваа импресивни моќности и перформанси, овојпат Mercedes различно го подготвува теренот за својот најзначаен модел. „Со иновации што се сосредострочени на човекот, Mercedes-Benz ја втемелува следната генерација на современа и индивидуална мобилност“ – најавата кажува сé, чувството во новиот S-Class ќе биде сосем различно.
Новата луксузна лимузина од Штутгарт ќе се доживува со четири сетила – со вид, допир, слух и мирис. Mercedes S-Class ќе воведе бројни новини во поглед на асистенцијата, безбедноста и интеракцијата. Претходно на неколку наврати објавивме за клучните новини во знаменосецот на марката со сребрената ѕвезда, за подвозјето и за различниот начин на ракување во кокпитот.
На 2-ри септември во 14 часот следи и големиот настан, светската премиера на W 223, на новата генерација на Mercedes S-Class. Шефот Ола Келениус ќе направи пробно возење што ќе се пренесува онлајн, дизајнерот Горден Вагенер ќе ги открие деталите околу начинот на дизајнирање на лимузината, Брита Зегер, директорка за продажба, ќе зборува за иновациите што особено ќе ги одушеват клиентите, додека Маркус Шефер, прв човек за техниката, ќе открива детали за напредните технологии за безбедност.
Светот првпат ќе може да погледне во супермодерната фабрика за S-Class. Таа се води под името „Factory 56“ и ќе ја изработува S-Class како свој прв сериски модел. Вообичаено за Mercedes, на настанот ќе учествуваат и светски лица.
Кабината на лимузината е развиена во смисла на „Third Place“, на приватно прибежиште меѓу канцеларијата и домот. По пример на претходниците, големи новини се најавуваат и во подрачјето на безбедноста. S-Class ќе биде прв сериски автомобил со воздушни перици што се отвораат пред патниците на задната клупа.
Со премиерата на Mercedes S-Class воедно ќе биде означен и почетокот на работата на новата „Factory 56“, со досега невидени производствени технологии и процеси.