за

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално

Седишта што се поместуваат постојано, а возачот единствено чувствува дека му е пријатно. И амбиентално осветлување од 250 диодни светилки, што се вклучуваат според посебно светлечко сценарио.

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално

Mercedes повторно најде начин за луксузот да го направи полуксузен. Следно со што нé запознава Штутгарт пред премиерата на новата S-Class на 2-ри септември се најразновидните начини за седењето во крстосувачот да биде максимално пријатно и релаксирачко. Секако дека за тоа се користат системи што браншата првпат ги среќава.

Патувањето во Mercedes S-Class отсекогаш било пријатно. Во новата генерација на луксузниот крстосувач, кабината се претвора во „трето место“, во прибежиште меѓу домот и канцеларијата. Просторноста расте во сите правци, како на предните, така и на адните седишта. Револуција во дизајнот се елементи што се вообичаени кај јахтите. Покрај најмногу пет дисплеи, главна одлика на кабината се широките украсни лајсни во арматурната табла и назад (во изведбата First Class).

Новина е тоа што амбиенталното осветлување во кабината е поврзано со системите за асистенција и во случај на опасност целата кабина трепка соодвeтно заради предупредување. Активното амбиентално осветлување е поврзано и со системот за комфор Energizing. Кога возачот е заморен или вознемирен, т.н. Energizing Coach предлага програма за фитнес или велнес.

Дизајнерите посебно се гордеат на големите дрвени површини, при што врв е изведбата од ореово дрво со отворени пори. Овој дизајн е инспириран од јахтите и посебно е впечатлив со деловите од алуминиум што се втиснати во дрвото.

Амбиентално осветлување со лента од 250 единечни диодни светилки

За амбиенталното осветлување се користат оптички влакна од проѕирен материјал. Светлината што ја произведуваат диодите во основните црвена, зелена и сина боја се рефлектира на површината што ги раздвојува оптички погустиот и оптички потенкиот материјал. Боите можат да се менуваат по целата должина на оптичкото влакно и да создаваат динамична слика. Активното амбиентално осветлување го произведува светлечка лента што се состои од 250 одделни LED, што се поставени на растојание од 1,6 сантиметар во посебна линија. Лентата изгледа како да е едноделна.

Седишта што се поместуваат постојано, а возачот единствено чувствува дека му е пријатно

За оваа функција се користи електричното местење на седиштата. Кога возачот ќе ја вклучи оваа програма, аголот на седечката површина и на потпирачот постојано се менува незначително за време на возењето, во чекори чијашто големина ја одредува возачот. Аголот се менува за само неколку степени, односно милиметри.

Седиштето прво преоѓа во „затворена“ позиција (седечката површина се наведнува наназад, а потпирачот нанапред). Потоа логично следи „отворена“ позиција, со наведнување во спротивната насока. Доколку е доплатено за мултиконтурни седишта, кинетиката Energizing ја опфаќа опфаќа и местење во слабинскиот дел. На овој начин се врши природно затегнување и отпуштање на мускулите, зглобовите и прешлените, со цел да се отпуштат мускулите и подобро да се „подмачкаат“ зглобовите и прешлените. Станува збор за патентиран алгоритам, со три програми, за кусо, средно и долго патување. Програмите се избираат преку централниот дисплеј на MBUX (Mercedes-Benz User Experience).

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја

Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија