за

Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември

Неколку автомобилски медиуми имаа можност да ја доживеат новата S-Class, кусо пред крстосувачот на Mercedes да ја симне маската и да се појави пред светот

Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември
Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември

Еден од најважните автомобили во светот е кусо пред премиерата на новата генерација. Mercedes S-Class отсекогаш важел како врвен луксузен автомобил, исто и како глобално мерило во поглед на технологијата и безбедноста.

Генерацијата на Mercedes S-Class со фабричка ознака W223 се исчекува со нетрпение. Вообичаено е со знаменосецот на Штутгарт и воедно еден од парадните коњи на целата автомобилска бранша, да пристигнат важни иновации и смерниците на сцената да се наместат одново.

Исто како досега, врвната варијанта под знакот на Maybach ќе се разликува по маската со впечатливи вертикални ламели. Верзијата на AMG, пак, е сосем извесно дека ќе добие маска во вообичаениот стил, со надолжна лајсна. Автомобилите уште се полумаскирани и избрани медиуми имаа можност да ја почувствуваат новата S-Class само од совозачкото седиште.

Отпорот на воздух зависи од дизајнот на бандажите и од моторизацијата. Уште најдостапната изведба на лимузината ќе располага со коефициент на отпор на воздух од сензационални 0,22. Тоа значи дека S-Class повторно ќе ја презеде предводничката улога во поглед на аеродинамичноста. Така е уште од легендарната генерација W126, којашто во 1979 година одушевуваше со кофициент од 0,36.

Колку што најголемата лимузина на Mercedes е претставителна додека мирува, толку ќе биде импресивна и при скршнување или паркирање. Штутгарт вградува две верзии со управување на сите тркала, со тоа што задните тркала во посложената варијанта се завртуваат до рекордни 10 степени. Тоа е многу повеќе во споредба со сличните системи на конкуренцијата, чиишто задни тркала можат да изротираат за само неколку степени.

Mercedes S-Class W223 novini
Mercedes S-Class W223

Додека главниот инженер Јирген Вајсингер маневрира низ тесната катна гаража како со малечок автомобил, многу е впечатливо како S-Class се паркира на тесен простор и влегува во простор, без тоа да бара посебна возачка вештина и искуство. Mercedes ветува сосем ново чувство при возењето во град. Наспроти тоа, задните тркала при повисока брзина се завртуваат во ист правец со предните тркала и на тој начин ја подобруваат стабилноста во свијоци и при престигнување.

S-Class и натаму ќе биде достапна со три различни меѓуоскини растојанија: Кусо, долго и Maybach. Рачките во вратите се впуштени (на одредени пазари ќе има обични рачки) и го отвораат прситапот во неверојатно просторен ентериер. Панорамскиот покрив следи како опција, а ќе може да се нарачуваат и најразлични светлосни ефекти на таванот, особено во Maybach.

View this post on Instagram

THE FUTURE. We went to the Design Center in Sindelfingen to check out the all new and updated MBUX infotainment system which was also presented with what could be the incoming S-class interior (several things still missing) See the new interior, new MBUX System & updated Head Up Display now 😊 __________________________________ Mercedes Benz New MBUX & future S-class Interior supported by @mercedesbenz @mercedesbenz_de @daimler_ag #w124e500 #мерседесклуб #mercedes124 #мерседес #w223amg #v12 #mercedesw223 #w223coupe #w222club #бункер #w222 #w124owner #w124 #w210amg #benzclubuz #волчок #w224_fanatics #v12biturbo #w223club #v12engine #w140 #w223club #мерседес #gelik #mercedes #гелендваген #eclass #s63amg #mercedess63 #mercedesbenz #mbfanphoto

A post shared by 🅼🅴🆁🅲🅴🅳🅴🆂 🅱🅴🅽🆉 (@mersovkiye_63) on

Секако дека и стандарната изведба нуди изобилство од простор и голем број напредни комфорни функции. Материјалите се меки и нежни, амбиенталното осветлување опфаќа голема површина, а површините за ракување (во 7-та дигитална генерација) делуваат мошне модерно. На тоа се надоврзуваат новите волани, при што посебен впечаток остава основниот волан, со средина во форма на топка и во светли бои.

Mercedes S-Class почитува највисоки стандарди и во приказот на дисплеите, како и во изработката на корисничкото мени – не е се’ во димензиите и бројноста на дисплеите

Директно пред возачот се наоѓа голем и широк дисплеј, на којшто информациите за возилото и за навигацијата се прикажуваат со досега невидена јаснотија. Како дополнување служи проекциски дисплеј. Информациите личат како да лебдат пред возилото, вклучувајќи ги навигациските стрелки, со кои е речиси невозможно да се сврти погрешно. Секако дека станува збор за технологија на унапредена реалност.

Инструментите пред возачот можат одделни информации да издвојат со тридимензионален приказ, што ја зголемува нивната прегледност за возачот и воедно изгледа импресивно. Автомобилот постојано ги надгледува очите на возачот и соодветно го приспособува 3D-ефектот. Кога возачот не го гледа дисплејот, тој се враќа во 2D-модус.

Меѓу возачот и совозачот се наоѓа огомен средишен дисплеј на допир. Тој воведува големи промени во овој сегмент на возила. Монитори се вградуваат и назад, кои за разлика од претходникот, кадешто истите не се прославија посебно, во новата S-Class функционираат совршено.

Новите и унапредени системи за асистенција практично го претвораат големиот Mercedes во автопилотиран автомобил од ниво 4. Во кабината има до 16 воздушни перници, вклучувајќи и перници во ремените и посебни перници што се отвораат од задниот дел од предните седишта – па уште и во два степени, затоа што земаат предвид кога е поставено детско седиште. Кога сензорите ќе препознаат опасност од страничен удар од возило, тогаш пневматската амортизација за миг ја подигнува каросеријата за осум сантиметри, со цел максимално да се искористи цврстата структура во подот.

Во нашата претходна објава:

>>> Mercedes S-Class има „амортизери“ со камера и воздушна перница во средина

S-Class ќе се нуди со две верзии на амортизација: Еднокоморна пневматска амортизација како стандард и систем E-Active-Body-Control како опција, кој прави каросеријата да се наведнува во свијоци како мотоцикл или глисер. Мноштво камери и сензори го надгледуваат патот. Со доплата се нудат матрични диодни светла со 1,6 милион микроогледала по светло, кој постигнува исклучително рамномерно осветлување на патот, без притоа да се заслепуваат останатите учесници во сообраќајот.

Во Европа и натаму ќе се вградуваат штедливите шестцилиндарски дизели, исто како и V8-бензинци и приклучен хибрид во комбинација со шестцилиндарец. Верзијата на AMG ќе го користи 4,0-литарскиот V8 со битурбо натполнење и со 600 КС. Дванаесетцилиднарец ќе биде резервиран за Maybach.

Електрична изведба не само што не недостига, туку таа ќе се нуди паралелно со S-Class со конвенционален погон. Станува збор за EQS, кој ќе има покомпактна каросерија, затоа што електричниот погон одзема помалку простор, но затоа ќе нуди уште повеќе место од стандардниот модел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

Toyota RAV4 Black Edition 00002

Toyota RAV4 лакирана во една боја за сé