за

Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

Откако конструкторот на McLaren F1 го претстави својот нов ултраспортски автомобил T.50, неколкупати порасна вредноста на оригиналните автомобили од средината на 1990-те.

Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50
Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

Кога McLaren F1 се појави во 1992 година, неговата цена изнесуваше 540.000 британски фунти, што одговара на денешни 965.000 фунти. Вредноста на овој историски автомобил порасна драстично во 2008 година, кога цената достигна 1,5 милион фунти. Според процените на експертите од Hagerty, вредноста на F1 по вчерашната премиера на Gordon Murray Automotive T.50 надмина 16 милиони фунти.

Историјата за McLaren F1 почнува во 1988 година, кога Гордон Мареј се враќаше од откажаната трка за големата награда на Италија. Тој направи скица за трисед со високи перформанси и го убеди Рон Денис и менаџментот да го произведат најдобриот автомобил во историјата.

F1 прв во светот имаше карбонска школка, за чијашто изработка беа потребни 3.000 часови. Титаниумска легуда се користеше за помошната рамка, а магнезиум за бандажите. Моторот V12 од 6,1 литри со 627 КС беше развиен од Паул Роше и од неговиот тим во BMW Motorsport. Моторот произведуваше толку топлина што кошот за моторот мораше да се обложи со материјалот што најдобро одведува топлина, со чисто злато.

Со мануелен менувач, управување и сопирачки без сервоподдршка и со атмосферски мотор, McLaren F1 понуди најчисто возачко уживање. Дијагностиката пренесуваше податоци до фабриката, така што се надгледуваше секој од 64-те примероци за нормален сообраќај. Во случај на проблем, техничар пристигаше на лице место.

McLaren и покрај цената од 540.000 фунти не профитираше од F1

McLaren не профитираше од својот хиперавтомобил. Но, клиентите можеа да заработат многу. Сега уште повеќе. До 2006, автомобилот се нудеше по иста цена како на нов модел, но потоа цените пораснаа и F1 достигна 1,5 милион фунти. Оттогаш постојано расте вредноста. Во 2014 година, за примерок беа потребни најмалку 5 милиони фунти. Една година подоцна, актерот Рован Еткинсон го продаде својот автомобил за 8 милиони фунти, иако возилото имаше претрпено два судири.

Во 2017 година, примерок со сериски број 44 се продаде на надавање за 12,1 милион фунти. Специјалистот Hagerty моментно ја проценува вредноста на уникатниот автомобил на повеќе од 16 милиони фунти.

Ретко во историјата постојат слични примери на толкав пораст на вредноста за период од само 20 години. Сега е ред Гордон Мареј да покаже дали неговиот T.50 ќе може да ја повтори историјата на F1.

>>> Новиот автомобил на Гордон Мареј е од ултра-категорија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми

Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми

Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември

Mercedes S-Class ќе има премиера на 2-ри септември