за

Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја

Следен модел што ќе биде понуден со погон на струја е знаменосецот од серијата 7, а по него и серијата 5 и X1. В година пристигаат i4 и супер-техномобилот iNext.

Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја
Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја

Уделот на моделите со електричен или приклучен хибриден погон во продажбата на BMW и Mini во Европа е за 50% над просекот во браншата. Баварскиот концерн постигнува удел од 13,3% на овие модели, додека просекот на сите производители на автомобили изнесува 8,0 проценти. До 2025 година, компанијата очекува овој удел да го зголеми на 50 проценти.

BMW моментно ги нуди своите модели со електричен или приклучен хибриден погон на 74 пазари ширум светот. Компанијата од Минхен лани надмина половина милион продадени возила со електрифициран погон, а до крајот на 2021 година се очекува вкупната бројка да надмине еден милион возила.

Плановите на менаџментот на групацијата BMW се раководат според бројката од седум милиони електрични и плагин-хибридни возила во светски рамки до 2030 година. Чисто електричните возила ќе учествуваат со две третини.

Power of Choice“: Бензин, дизел, приклучен хибрид или погон на струја во секоја моделска серија

BMW X3 е првиот модел што Баварците го нудат со бензински или дизел мотор, вклучувајќи и 48-волтен благ хибриден погон, потоа со приклучен хибрид или со чисто електричен погон. Во иднина сите моделски серии на BMW ќе го следат овој принцип. Следната генерација на серијата 7 исто така ќе се нуди и во верзија само на струја. Потоа следат серијата 5 и X1.

Чисто на струја: BMW iX3, BMW i3, Mini Cooper SE
New photo by Automedia MK / Google Photos

Групацијата моментно се гордее на најголемата понуда од модели со електрифицирана погонска спрега. Новиот BMW iX3 е прв модел што ја користи петтата генерација на технологијата eDrive. Почетокот беше уште во 2011 година, кога Минхен ја основаше специјализираната подмарка BMW I.

Три електрични модели со погон на струја во понуда: BMW iX3, BMW i3 и MINI Cooper SE

Во електричниот iX3 работи електромотор со моќност од 210 kW (286 КС) и ги задвижува задните тркала. Досегот од 520 километри не се должи само на напредната батерија, туку и на високата ефикасност на технологијата на BMW. Овој погон в година ќе биде достапен и во новите BMW i4 и BMW iNEXT.

BMW Concept i4
BMW Concept i4

Во Mini Cooper SE во основа работи истиот погон од BMW i3, со значајната разлика во тоа што погонот кај британскиот динамичар е напред. Тоа воедно ја прикажува и флексибилноста на погонот. Истото важи и за приспособливоста на батеријата. Таа е вградена во T-форма ниско во подот и не одзема ниту милиметар од просторноста на кабината на Mini со обичен погон.

Моделите со приклучен хибриден погон го спојуваат најдоброто од двата света

Верзиите со приклучен хибриден погон во серијата 7 и во X5, а отсега и во серијата 5 (BMW545 e xDrive), располагаат со системска моќност од 394 КС. Електромоторот е интегриран во 8-степениот Steptronic, како уште едно технолошко достигнување на Минхен.

Два цилиндри помалку и достапност до поширокиот круг купувачи имаат приклучните хибриди во комбинација со дволитарски бензинец во сериите 3 и 5. Системската можност таму достигнува 292 КС, вклучувајќи ги екстра 40-те КС што се „будат“ при кикдаун. Комбинацијата е достапна и во BMW X3 xDrive30e.

X-модели со приклучен хибриден погон
New photo by Automedia MK / Google Photos

Возењето на струја е достапно и во компакт класата, во BMW X1 xDrive25e, BMW X2 xDrive25e и Mini Cooper SE Countryman All4, со уникатен концепт на пренесување на вртежниот момент од електромоторот до задната оска преку едностепен „менувач“. Трицилиндарскиот турбо од 1,5 литар ги задвижува предните тркала преку 6-степен Steptronic. На тој начин се постигнува системска моќност од 220 КС. Плус четири КС има погонската спрега на BMW 225xe Active Tourer.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сé за новиот Toyota Yaris Технички детали, иновации, хибрид

Сé за новиот Toyota Yaris: Технички детали, премиери, хибрид

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално