за

BMW се подготвува за старт на електричниот iX3

BMW се подготвува за старт на електричниот iX3

Сите тестирања се завршени, Минхен моментно го подготвува за старт производството на првиот модел со чисто електричен погон од матичната марка BMW. Првите примероци ќе се симнат од производствените ленти кон крајот на летото.

Групацијата BMW останува доследна на својата стратегија за масовното воведување на електричен погон и уште во текот на годинава ќе започне со испорака на BMW iX3 на светскиот пазар. Сериското производство на првиот чисто електричен модел на матичната марка BMW (досегашните i3 и i8 се водат како модели на подмарката BMW i) ќе стартува според планираното кон крајот на летото. Производството ќе се одвива во заедничката компанија BMW Brilliance Automotive (BBA) во Дадонг, Кина. Електричниот СУВ од средната класа оттаму ќе се испорачува за целиот светскиот пазар.

Во меѓувреме завршија и тест возењата што се неопходни за хомологација и резултатите се доставени до националните служби за регистрација на најважните автомобилски пазари. Овие тестирања траеја четири недели, при што програмата за тестирање беше во вкупно времетраење од 340 часови, вклучувајќи повеќе од 7.700 извозени километри во рамките на процецирата за хомологација.

Цела година се произведуваа возилата од претсеријата, вкупно 200 примероци досега

Паралелно се одвиваат подготовките за производството на BMW iX3. Претсериските примероци почнаа да се изработуваат во фабриката во Дадонг уште во средината на минатата година. Досега се изработени точно 200 претсериски примероци. Овие возила се користат за комплетирање на пробните возења, за развојните и тест-инженерите да ги извршат последните зафати.

https://photos.app.goo.gl/DByPVGYafwrHRCcd9

Електричниот BMW iX3 се произведува на истата линија со BMW X3 со мотори со внатрешно согорување. На тој начин се забрзува и поевтинува производството. Како основа за електричниот модел се користи стандардниот X3. Тоа е воедно и целта на понудата што BMW ја води како „Power of Choice“ и се сведува на идејата, ист модел да се користи за изведување на верзија со електричен погон, како и на верзија со бензински или дизел мотор, или плагин-хибриден погон.

bmw ix3, bmw i4, bmw inext arjeplog test

BMW iX3 ја користи петтата генерација на технологијата BMW eDrive. Погонската единица се состои од електромотор, трафо-секција и преносен механизам, кои се вградени во заедничко куќиште. На тој начин се заштедува простор и се смалува тежината. Во исто време се овозможува и истата погонска единица да се вградува без проблем во повеќе модели. Уште една посебност е тоа што за електромоторот не се користат ретки метали.

Дополнително постои можност електричните модели да се понудат во верзии со различна големина на батеријата. На тој начин се зголемува и достапноста на моделот. Со досег од 440 километри според новата норма WLTP, електричниот теренец ќе биде зачетник на BMW eDrive, како технологија што од 2021 година ќе се користи и во моделите BMW i4 и BMW iNEXT.

BMW ја најавува електричната купе-лимузина i4

BMW Concept i4
BMW Concept i4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Главните акционери во Volkswagen во поддршка за шефот Дис

Mercedes со специјална летна серија Edition 2020

Mercedes со специјална летна серија Edition 2020