Главните акционери во Volkswagen во поддршка за шефот Дис

Сопствениците на главнината од акциите во Volkswagen застанаа во поддршка на шефот на концернот во актуелните турбулентни времиња. Тие сепак посочуваат на неопходноста од брзо надминување на потешкотиите.

Фамилиите Порше и Пиех застануваат во поддршка на шефот на концернот Херберт Дис и покрај неговото отстапување на шефовското место во марката Volkswagen и забелешките упатени до надзорниот совет. Тие сепак бараат итно отстранување на потешкотиите со коишто се соочува германскиот производител на автомобили. „Господин Дис се извини во секаква форма, притоа тој го посочи целиот надзорен совет“, изјавија сопствениците на главнината од акциите во Volkswagen. „Капиталот и натаму е зад него.“ Порше и Пиех бараат компанијата да се врати во помирни води.

Volkswagen синоќа излезе со изненадувачко соопштение, во коешто беше наведено дека Дис од 1-ви јули му го предава раководењето со бизнисот на матичната марка на концернот на досегашниот оперативен директор Ралф Брандштетер. Според соопштението, се прави „повеќе слободен простор“ за Дис како шеф на концернот, во управувањето со генералната стратегија.

Кусо време по тоа се дозна дека тој во актуелната функција на претседател на управниот одбор им префрлил забелешки на одделни советници од надзорот на компанијата, за направени пропусти и за недостиг на интергритет. Една недела претходно, др. Дис реагирал за назначувањето на неколку менаџери, кои ги обвини за потешкотиите во производството на Golf. „Дис е успешен менаџер, кој постигна голем напредок во важните теми на електрификацијата и дигитализацијата. Но, мора да се решаваат проблемите“, објавија од главниот акционер, холдингот Порше.

Смена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис

Смена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис
Смена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис

Претходна објаваРаботниците во Opel протестираат за скусувањето на пензиите
Следна објаваBMW се подготвува за старт на електричниот iX3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here