за

Работниците во Opel протестираат за скусувањето на пензиите

Opel Corsa-e
Opel Corsa-e

Работничкиот совет на Opel се побуни за пензиската реформа што сопственикот Peugeot ја планира со цел да ги скуси трошоците во корона-кризата.

Расте незадоволството поради планираното скусување на пензијата за вработените во Opel. Персоналот на германската марка што веќе трета година се наоѓа во сопственост на францускиот PSA е незадоволен од плановите што беа соопштени кон крајот на минатата недела. Синдикатот реагира дека со „масовното отпуштање работници и отсуството на перспективи за иднината во голем број од подрачјата на делување на компанијата, продолжува да слабее врската со Opel.

Opel во минатиот петок им соопшти на вработените дека компанијата бара итни преговори со работичниот совет заради „темелна модернизација“ на пензиското осигурување. Пензискиот систем целосно и независно е организиран во рамките на компанијата. Оттаму образложуваат дека фондот „со децении наназад бил далеку над пазарниот стандард“ и дека истиот сега претставува „значаен трошок“.

Околу 15.000 вработени во Opel се погодени од пензиската реформа

Скусувањето на пензијата ќе зафати околу 15.000 вработени во Opel во Германија. Од работничкиот совет возвраќаат дека „најголемиот дел од финансирањето на пензиското осигурување на Opel“ го подмирувал концернот General Motors, под чијшто покрив беше германската марка до преземањето од францускиот PSA. Синдикатот дополнува и дека трошоците веќе се смалени значително со масовното отпуштање вработени во минатите години.

Година на легендите - Opel Ascona и Manta имаат по 50 години
Година на легендите – Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Смена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис

Смена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис

Главните акционери во Volkswagen во поддршка за шефот Дис