за

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Renault Zoe го задржува врвот во продажбата и покрај пристигањето на новите модели од конкуренцијата, во Германија единствено не им се посреќува на близнаците Peugeot e-208 и Opel Corsa-e.

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Renault Zoe во јули имал историски рекорд на германскиот пазар. Со 5.307 нарачки и 2.854 новорегистрирани автомобили, електричниот модел на Французите претходно нема постигнато толку висока продажба на најголемиот автопазар во Европа.

Секако дека тоа му носи и прва позиција на Renault Zoe на ранг-листата на најпродавани модели во земјата, на којашто моментно се појавуваат дури 33 различни модели со погон само на струја. Бројот на нарачки за електромобилот бил десетпати поголем во споредба со ланскиот јули.

Бројот на новорегистрирани возила првпат надмина 2.000 примероци во еден календарски месец. Најдобриот месечен резултат досега беше 1.800 возила. Уште една посебност со Zoe во Германија: Не постои друга земја во којашто моментно се продаваат повеќе примероци од електричниот градски автомобил на Renault.

>>> Renault Twingo ќе вози на струја, цена 25.000 евра

Renault TWINGO ELECTRIC Vibes
Renault TWINGO ELECTRIC Vibes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално

Кабината на Mercedes S-Class на првите фотографии изгледа нереално

Porsche Panamera постави нов рекорд во Зелениот Пекол

Porsche Panamera постави нов рекорд во Зелениот Пекол