за

Porsche Panamera постави нов рекорд во Зелениот Пекол

Постигнатата просечна брзина од 171 километри на час е висока и за германскиот аутобан, но Нирбургринг не е аутобан, туку е најтешка тркачка патека во светот, а Porsche Panamera е „само“ луксузна лимузина.

Porsche Panamera постави нов рекорд во Зелениот Пекол

Porsche ги докажа перформансите на новата Panamera уште пред светската премиера. Тест возачот Ларс Керн го извозе прочуениот Северен Јазол на Нирбургринг во должина од 20,832 километри за точно 7:29,81 минути.

Според новата постапка за признавање на рекордите, којашто се врши во присуство на нотар и во организација на самиот концесионер Нирбургринг ГмбХ, Porsche Panamera е нов рекордер на Нирбургринг, во категоријата на возила од вишата класа.

Фабричкиот возач Ларс Керн коментира: „Подобрувањата во подвозјето и во погонот на новата Panamera се чувствуваа постојано на оваа тркачка патека што важи како најтешка во светот.“ Преправките во системот против навалувањето на каросериајта придонеле „Panamera и покрај нерамната подлога да постигне неверојатна стабилност“, посебно во делот што се нарекува Хаценбах, како и во познатите Бергверк и Кеселхен. Керн заклучува: „Во свијоците достигнав брзини што не очекував дека ќе бидат можни со Panamera.

Инженерите на спортската марка во актуелното освежување на моделот ставија нагласок на зголемувањето на дијапазонот меѓу двете крајности на Panamera, како престижна патничка лимузина од една страна и како вистински спортски автомобил од друга страна. Воедно е зголемена и моќноста на моторите, подобрена е стабилноста во свијоци, каросеријата е помирна и управувањето е попрецизно.

New item by Automedia MK / Google Photos

На надворешна температура од 22 степени Целзиусови и температура на асфалт од 34 степени, Ларс керн на 24-ти јули во 13:49 часот го стартувал обидот за рекорд и ја минал целта по 7:29,81 минути. Заради заштита на возачот, возилото поседувало тркачко седиште и безбедносен кафез.

Новото моделско годиште на спортската лимузина ќе доживее светска премиера на крајот на август. На возилото беа монтирани спортски гуми Michelin Pilot Sport Cup 2, изработени посебно за Porsche Panamera, кои ќе бидат достапни по избор на возачот. На Аутомедиа претходно објавивме фотографии и забелешки од ексклузивното возење на маскираните примероци од новата Panamera.

За 13 секунди побрз од претходниот модел

Со рекордот се докажува големиот обем на промените што ги претрпе Porsche Panamera. Ларс Керн уште во 2016 година ја извозе патеката Нирбургринг со Panamera Turbo со 550 КС, за време од 7:38,46 минути – тогаш без делот долг 200 метри покрај трубината со број 13, и во должина од 20,6 километри.

Според новиот статут на Нирбургринг ГмбХ, овојпат се извозе целата должина на Северниот Јазол (Nordschleife) од 20,832 километри. Должината од 20,6 километри, Ларс Керн со новата Panamera ја мина за 7:25,04 минути. Тоа се 13 секунди разлика во споредба со возењето пред четири години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа

Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа