Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа

Bentley Bentayga Speed со мотор W12 само надвор од Европа

Bentley додаде изведба Speed во гамата на Bentayga, со мотор W12. Поради големиот и жеден мотор, дванаесетцилиндарската верзија на скапоцениот СУВ нема да се продава во Европа, туку само во САД, на Средниот Исток и во Азија и Пацификот. Моќноста изнесува 635 КС, вртежниот момент достига 900 њутнметри. Темпо сто „паѓа“ за 3,9 секунди, крајната брзина е 306 km/h.

Спортскиот режим на системот за регулација на возната динамика е калибриран различно од моделите со мотор V8, со цел да се постигне уште подиректна реакција на моторот и на 8-степениот автоматик. Во истата насока е дотерана и работата на пневматската амортизација и на системот Dynamic Ride. Со доплата се вградуваат карбон-керамички сопирачки, најголемите што се вградуваат во модел на Bentley.

Предните и задните светла со темна основа, лајсните на праговите што се лакирани во боја на каросеријата, сменетиот изглед на предниот и задниот браник и продолжениот заден спојлер јасно укажуваат дека станува збор за спортската варијанта на големиот и скап СУВ. Издувните цевки имаат овален профил и сигнализираат дека тука работи мотор W12.

Покрај 88 бои за каросеријата, купувачите можат да избираат меѓу 15 бои на кожа и шест комбинации на бои на кожата, осум дизајни на фурнир и две површини што се изработени со посебна технологија. Постои можност за избор на „Black Specification“, во којашто сите хромирани украсни лајсни, сјајните детали и неколку елементи од каросеријата се заменети со делови од карбон со висок сјај. Впечатливиот изглед на оваа варијанта се заокружува со кровен спојлер од карбон, во замена за стандардната изведба.

https://photos.app.goo.gl/pUC8LrqxfSXoXLRE7

Во средината на кокпитот се вградува поголем и поконтрастен дисплеј од 10,9 инчи, со посебен слој што спречува рефлексии. Усовршениот систем за навигација поседува можност за пребарување со впишување сопствен текст, а нов е и тридимензионалниот приказ на објектите.

https://www.instagram.com/p/CDxRU1hFfLU/

>>> Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin

Претходна објаваPorsche Panamera постави нов рекорд во Зелениот Пекол
Следна објаваКамион за собирање отпад во чекор го следи комуналниот работник

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here